Македонија
(Видео) Витановски: ДИК е спремна да организира избори во една изборна единица
Државната изборна комисија е подготвена да ги спроведе изборите без оглед дали ќе бидат во една или во шест изборни единици. Доколку биде една изборна единица ќе треба само да решиме одредени технички прашања, а тоа не е невозможно, рече Јанакие Витановски од ДИК на дебатата за измени на изборниот законик.
Овој состав на ДИК, рече тој, досега успешно ги спроведе референдумот и претседателските избори иако сме со најкус мандат.
„За ДИК нема да биде проблем да ги спроведе изборите во една изборна единица, со тоа што ќе треба да набавиме нов софтвер за да може да се пребројат резултатите. Ние сме подготвени, ќе го спроведеме законот како што вие ќе го донесете“, рече Витановски.
Во Собранието се одржува јавна дебата за измени во изборниот законик кои ги иницираа 17 пратеници. Учествуваат пратеници и експерти. На дебатата не се присутни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.