Контакт

Вести

Продолжува судирот меѓу Израел и Хамас и покрај апелите за мир

Објавено пред

Стотината убиени Палестинци во четирите дена од офанзивата на израелската армија во која се изведени 210 воздушни напади врз палестинската енклава Појасот Газа и 194 палестински ракети истрелани врз Израел последните 24 часа, но и најава за израелска копнена офанзива, покажуваат дека судирот ескалира кон отворена војна и покрај повиците за мир кои пристигнуваат од меѓународната заедница.

dobivaj vesti na viber

 

Агенциите јавуваат дека во центарот на појасот Газа се убиени уште двајца Палестинци, со што бројот на палестинските жртви од почетокот на судирите, кои избувнаа поради убиството на тројцата израелски и одмазничкото погубување на палестински тинејџер, се зголеми на сто убиени.

По шесте нови палестински жртви, меѓу кои и една жена, во петокот наутро во два напада врз Газа, двајца мажи се убиени во израелски воздушен напад врз бегалскиот камп Буреи. Третиот маж кој со нив бил во возилото е тешко ранет, изјавил портпаролот на службата за итната медицинска помош.

Израелското воено воздухопловство извело 210 воздушни напади во последните 24 часа врз појасот Газа врз цели на палестинското исламистичко движење Хамас, коешто до 2007 година по кусотрајната војна со ривалското движење Фатах ,самостојно управува со палестинската енклава, а од нов 50 биле. Меѓу целите биле лансирни рампи, тунели, контролни точки и командни штабови на Хамас и објекти на палестинската влада, изјавил портпаролот на израелската армија за AFP. Во изминатите 24 часа во израелските напади уништени се 21 куќа или згради кои им припаѓале на истакнати членови на Хамас.

Агенцијата јавува, повикувајќи се на својот фоторепортер, дека се запалени и неколку бродови во пристаништето во Газа, меѓу кои и „Gaza Ark“ голем рибарски брод на меѓународна пропалестинска организација кој се обиде да ја пробие поморската блокада наметната од Израел. Во истиот временски период од 24 часа, Палестинците истрелале 194 ракети од Газа врз јужен Израел, од кои 43 биле уништени од противракетниот израелски систем „Челична купола“.

Во извештајот на AFP се додава дека една палестинска ракета експлодирале на бензинска црпка во јужниот град Ашдод, триесетина километри северно појасот Газа. Ракетата предизвикала експлозија на горивото на црпката, при што биле повредени три лица.

Дека судирите се движат кон нова поостра фаза, покажуваат подготовките на израелската армија за почеток на копнена операција. Германската агенција DPA пренесува дека Израел покренал подготовки за можна копнена офанзива кон Газа и распоредил три бригади на кои следните денови би можеле да им се придружат уште една до две бригади, рекол воениот портпарол Петер Лернер.

Израелската војска објави дека мобилизирала 33 илјади припадници од резервниот состав за да ги замени војниците распоредени на северот и во центарот на Израел коишто ќе бидат потребни за операција во Газа.

Вооруженото крило на исламистичкото движење Хамас, објави во петокот соопштение во коешто се предупредуваат авиокомпаниите да ги откажат планираните летови бидејќи има намера да го ракетира меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ кај Тел Авив. Во соопштението се наведува дека тоа е одговор предизвикан од израелските напади врз појасот Газа, како и дека на аеродромот „се наоѓа и израелската воена воздухопловна база“ од каде полетуваат авионите кои напаѓаат цели на палестинската територија. Хамас, исто така, наведува дека неговите борци веќе истрелале ракети кон споменатиот аеродром, но бидејќи тие не биле прецизни не се знае каде паднале, бидејќи „Бен Гурион“ е главниот влез за меѓународните летови кон и од Израел, а е добро заштитен со одбранбен противракетен систем.

Најголемото непријателство меѓу Израел и Палестинците по осумдневната војна кон крајот на 2012 година кога загинаа над илјада Палестинци и стотина Израелци, започна со неодамнешните грабнувања на трите израелски тинејџери кои беа пронајдени мртви во другата палестинска енклава Западниот брег (на реката Јордан) за што беа обвинети палестинските радикални исламисти, за потоа и грабнувањето на палестинскиот тинејџер кој жив бил запален во источен Ерусалим, како одмазда од страна на екстремните еврејски активисти.

Додека судирот станува сé покрвава, меѓународната заедница повикува на мир. Во петокот Египет ја осуди израелската политика на „колективно казнување“ во Газа за терористичките напади и ја повика меѓународната заедница неодложно да стави крај на судирот. „Египет ја отфрла неодговорната ескалација на насилството од страна на Израел“, соопшти египетското министерство за надворешни работи и додава дека тоа претставува „продолжување на репресивната политика на колективно казнување“ којашто ја проведува хебрејската држава. Египетската дипломатија ги повика Израел и Хамас да го почитуваат примирјето склопено во 2012 година со посредување на Каиро.

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган порача во петокот дека израелското бомбардирање на Газа ги блокира напорите коишто Турција и Израел, порано најблиски политички и воени партнери во регионот, ги вложуваат да ги поправат своите билатерални односи, нарушени во мај 2010 година кога израелските командоси се качија на турскиот брод „Мави Мармара“ кој во рамките на Флотилата на слободата се обиде да ја пробие израелската поморска блокада на Газа и да достави хуманитарна помош, при што загинаа осум турски државјани припадници на исламистичка хуманитарна организација.

„Не можеме да ги анализираме односите. Во прв ред мора да престане насилството. Се додека тоа не се случи, нормализацијата на односите меѓу Турција и Израел не може да се оствари“, изјавил Ердоган при посетата на турскиот град Јозгат во рамките на неговата претседателска кампања.

Напорите за подобрување на меѓусебните односи се интензивираа последните месеци, откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху конечно се извини за инцидентот како што бараше Анкара и вети дека ќе им плати отштета на семејствата на жртвите./крај/мф/сн

 

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

Граѓаните што направиле некој од четирите прекршоци што ги регистрираат камерите на „Безбеден град“ и без да им стигне известување...

Македонија5 часа

35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба, меѓу нив Ѓорѓиевски и Арсовска, соопшти Комисијата за спречување на корупцијата

Државната комисија за спречување на корупцијата, во согласност со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на...

Македонија5 часа

Орце продолжува со скандалозни назначувања, партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошката, велат од Левицата

Левицата предупредува дека најавите за ново раководство во Зоолошката градина во Скопје претставуваат уште еден алармантен пример за тоа како...

Македонија6 часа

Куќен притвор и 24-часовен надзор за Љупчо Пецов-Ѓаволот, доставил документи за влошена здравствена состојба

Во текот на вчерашниот ден во Основниот кривичен суд Скопје пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Пецов-Ѓаволот, на...

Топ7 часа

Кривични пријави за измама и давање лажен исказ: изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46) од Тетово и против правно лице –транспортно претпријатие од Тетово поради постоење основи...

Топ7 часа

Ја убиле со пиштол, телото ѝ го спуштиле во дупка и го запалиле: истрага против две лица за свирепо убиство на жена во гостиварско Неготино

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека извршиле кривично дело – Убиство...

Македонија8 часа

„Дали Коцевски тактизира со оставката за да купи време и да се забошотат над 40 предмети за висока корупција за функционери од СДС и ДУИ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Љупчо Коцевски тактизираше дури и со сопствената оставка и одлучи да ги пресретне непријатните дискусии и вистината за неговото работење...

Свет8 часа

Трамп ја продолжи забраната за патување во САД за уште седум земји

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го прошири списокот на земји чии граѓани имаат забрана за патување во Соединетите Американски Држави,...

Свет9 часа

Терористот од Сиднеј обвинет за 59 кривични дела

24-годишниот Навид Акрам, кого полицијата го сомничи дека стои зад масакрот на плажата Бонди во Сиднеј, е обвинет за вкупно...

Македонија11 часа

(Видео) Филипче го соопшти новото раководство на партијата: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вчерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го...

Македонија21 час

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија1 ден

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ1 ден

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија1 ден

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија1 ден

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ1 ден

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија1 ден

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет1 ден

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...