Црна хроника
Врсник осомничен за прободувањето на момчето, одреден му е притвор
Врсник е осомничен за прободувањето на деветнаесетгодишното момче кое им подлегна на повредите во неделата вечерта.
Деветнаесетгодишниот А.А. во понеделникот вечерта бил спроведен во Основниот суд Скопје 1, а судија на претходна постапка по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на обвинителството, му определил триесетдневен притвор. Осомничениот се товари за кривично дело тешка телесна повреда со смртни последици. Инцидентот се случи во неделата вечерта во скопската населба Чаир, по банална расправија меѓу две групи момчиња.Осомничениот со нож прободел две момчиња, едното момче имало расеченица на увото, додека деветнаесетгодишниот Леарт Адеми бил прободен со нож во градите.Децата биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, но едното од нив им подлегнало на повредите. Убиеното момче е син на спортски новинар во албанската редакција во Македонската радио телевизија./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

