Регион
Конститутивна седница на косовскиот парламент

За денеска во 15 часот е најавена конститутивна седница на косовскиот парламент. Ова претходно беше потврдено од претседателот на заминување на косовскиот парламент, Кадри Весели. Весели, кој е претседател на Демократската партија на Косово, рече дека неговата партија ќе остане во опозиција и вети дека ќе работи во одбрана на правата на граѓаните во парламентот.
Најмногу гласови на вонредните парламентарни избори освои Движењето Самоопределување (ВВ), кое, во седмиот по ред парламент по војната во 1999 година ќе има 29 пратеници. Едно пратеничко место помалку освои Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), кој, како и ВВ, во претходниот мандат беше во опозиција.
Досегашната владејачка Демократска партија на Косово (ПДК) ќе има 24 пратеници, а од нејзините коалициски партнери, Алијансата за иднината на Косово (ААК) освои 13, а коалицијата на Социјалдеморкатската иницијатива (Нисма) и Алијансата ново Косово (АКР) шест места. Десет места во 120-членото косовско собрание, според домашните закони, се гарантирани за претставниците на косовските Срби (и на овие избори сите места ги освои партијата Српска листа), а исто толку и за помалите етнички заедници, односно за претставниците на Турците, Бошњаците, Ромите, Ашкалиите, Египќаните и Гораните.
Косово одржа предвремени избори на 6 октомври бидејќи Рамуш Харадинај поднесе оставка на функцијата премиер. Поранешните опозициски партии Самоопределување и Демократската лига на Косово победија на изборите и се очекува да формираат нова влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.