Црна хроника
Воз удри во автомобил, едно лице загина
Едно лице загина во железничка несреќа што се случила во понеделник во тетовското село Горно Седларце, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила вчера во 13,45 часот, а во неа учествувале патнички воз и автомобил „рено 4“.
Возот, кој сообраќал на релација Кичево-Скопје, удрил во автомобилот кој бил на патниот премин што води за селото Седларце, а го управувал Ф.З. (55) од Горно Седларце.
Од МВР велат дека иако од страна на машиновозачот биле издадени звучни предупредувања, возилото продолжило да се движи по што било удрено.
Во незгодата на самото место починал возачот на автомобилот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инспектор нападнал началник во ОВР Радовиш, доби кривична пријава и суспензија
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.И. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“ по член 383 став 2 од Кривичниот законик.
Пријавениот Б.И. – самостоен инспектор за недозволена трговија со дрога и оружје во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш во ОВР Радовиш, на 20.12.2024 во службени простории на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш физички го нападнал началникот на ОВР Радовиш О.Г..
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работно место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка.
Црна хроника
Уапсен тетовец, баран по потерница за издржување казна затвор
Вчера во 11.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 30-годишниот К.В. од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Тетово за издржување казна затвор.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Црна хроника
Апсења во Скопје, пронајдена дрога
Вчера во 14.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода 23-годишниот З.Т. и 26-годишниот Ф.Т., двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Вчера во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 63-годишниот Д.С. од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети.
Вчера во 21.45 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 38-годишниот Ф.Р. од село Глумово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите, полицијата најави дека ќе следува соодветен поднесок.