Топ
Запленета дрога вредна еден милион евра, приведени се 12 лица

МВР потврди дека во соработка со австриската и српската полиција пресечени се повеќе меѓународни канали и сузбиена е криминална група за шверц на хероин и кокаин, при што е запленета дрога вредна милион евра.
Во рамките на активностите за борба против недозволената трговија со дрога, во месеците ноември и декември 2019 година спроведена е меѓународна истрага со австриската и српската полиција во која се пресечени повеќе меѓународни канали и запленети се 17 килограми наркотична дрога хероин и 5 килограми наркотична дрога кокаин, кои на нелегалниот пазар достигнуваат вредност од речиси 1 000.000 евра. Притоа приведени се 12 лица, информира МВР.
Во ноември 2019 година од страна на МВР во координација на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Србија и австриската полиција почната е меѓународна истрага за откривање организирана криминална група составена од македонски државјани кои вршеле продажба и транспорт на наркотична дрога хероин во регионот и во земјите од Западна Европа.
На 20.11.2019 во Австрија од страна на австриската полиција лишени од слобода се двајца македонски државјани, С. Р. (27) и К. Џ. (58), при што во возило со македонски регистарски ознаки во специјално направен бункер пронајдени се пет килограми наркотична дрога хероин со многу висок квалитет. Во рамките на меѓународната истрага на 3.12.2019 година во Унгарија на излез на граничниот премин Хоргош биле лишени од слобода македонските државјани Е. А. (48) од Скопје, нејзината ќерка Ш. А. (21) од Скопје и Ш. И. (27) од Скопје поради тоа што при претрес во џип „мерцедес“ биле пронајдени пет килограми наркотична дрога кокаин во специјално направен бункер.
По преземени мерки и активности на австриската полиција исто така, на 6.12.2019 година во Виена, Австрија, лишени од слобода се албанскиот државјанин Б. Т. (30) и македонскиот државјанин Б. Џ. (47) од Битола, кој привремено престојувал во Виена, при што е пронајдена пет килограми наркотична дрога хероин.
Меѓународната истрага продолжи со преземање мерки и активности, при што на 26.12.2019 во Република Србија, во градовите Врање и Нови Сад, во заедничката и координирана акција на српската и македонската полиција лишени се од слобода тројца македонски државјани, и тоа Р. Ф. (48) од Тетово , А. С. (45) од Скопје и С. С. (47) од Куманово во обид да извршат продажба на наркотична дрога хероин на српски државјанин, која била скриена во патнички автомобил во резервно тркало. Хероинот бил пакуван во 13 пакувања со вкупна тежина од седум килограми со многу висок квалитет.
Веднаш по лишувањето од слобода и заплената на наркотичната дрога, од страна на одделот за криминалистичка полиција, одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал и одделот за специјални полициски операции во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција почнати се претреси на две локации во Тетово, две во Скопје и една во Куманово кај лица што се дел од оваа криминална група. При претресите лишени од слобода се двајца македонски државјани – Х. Ф. (45) од Тетово и Ј. А. (48) од населба Синѓелиќ, кои се дел од организираната криминална група, и пронајдени се парични средства што потекнуваат од продажба на наркотична дрога, помала количина наркотична дрога кокаин и една вага, како и многу докази со кои се потврдува нивната инволвираност во вршењето на кривичното дело недозволена трговија со наркотични дроги
По целосно комплетирање на доказите, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Истрага за тероризам: пријавил дека има бомба на летот Скопје – Анталија

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, обвинителството отвори истражна постапка против С.А. (26) поради основано сомневање дека сторил кривично дело Тероризам.
Осомничениот на 16 овој месец во раните утрински часови преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје, на летот Скопје – Анталија.
„По преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека на 16.08.2025 во 02.41 часот лажно пријавил дека е поставена бомба во авион кој од Меѓународниот аеродром Скопје требаше да полета кон Република Турција, по што аеродромот беше затворен за сообраќај неколку часа, а планираните летови, исто така, беа одложени за неколку часа, односно до завршување на антитерористичките проверки. При преземањето мерки, на 20.08.2025, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.А. на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со настанот, а тој бил лишен од слобода. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото“, соопшти МВР.
Судот му определи притвор на осомничениот во траење од 30 дена.
Македонија
Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари, а под контрола и изгаснати се 15 пожари, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Јасен (мешана шума), во Општина Маврово и Ростуше восело Церово и во Општина Прилеп во село Беловодица.
Под контрола и изгаснати се 15 пожари, и тоа:
1. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков б.б (ѓубриште);
2. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ѓубриште);
3. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ниска вегетација и ѓубре);
4. Општина Струга: с. Драслајца (ѓубриште);
5. Општина Тетово: с. Сараќино (ниска вегетација);
6. Општина Желино: с. Стрмница (ниска вегетација);
7. Општина Чишиново-Облешево: с. Облешево (ниска вегетација);
8. Општина Неготино: с. Криволак, во близина на мостот пред касарна (ниска вегетација и напуштена нива со овоштарник);
9. Општина Тетово: на патот Тетово – с. Брвеница (ниска вегетација);
10. Општина Гостивар: с. Чегране (ниска вегетација);
11. Општина Гостивар: с. Дебреше (ниска вегетација);
12. Општина Крушево: с. Светомитрани (ниска вегетација);
13. Општина Радовиш: с. Раклиш (ниска вегетација);
14. Општина Студеничани: с. Драчевица (сува трева и грмушки);
15. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
Свет
Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот за безбедноста во Украина

Потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, изјави дека европските земји ќе мора да го понесат лавовскиот дел од товарот кога станува збор за украинските безбедносни гаранции.
„Не мислам дека ние треба да го носиме тој товар. Мислам дека треба да бидеме од помош во запирањето на војната и убиствата. Но, треба да очекуваме, а претседателот сигурно очекува, дека Европа ќе игра водечка улога“, рече Венс во емисијата „The Ingraham Angle“ на Фокс њуз.
„Без оглед на тоа каква форма ќе има, Европејците ќе мора да го понесат лавовскиот дел од товарот“, додаде потпретседателот на САД.
„Воените претставници на НАТО имаа одлична, отворена дискусија на видеоконференција за резултатите од неодамнешните состаноци за војната во Украина“, изјави претходно вчера висок функционер на НАТО, а западни извори објавија дека помала група во Вашингтон продолжува со дискусиите за безбедносните гаранции за Украина.
„Во врска со Украина, ја потврдивме нашата поддршка. Приоритет останува праведен, одржлив и траен мир“, напиша адмиралот Џузепе Каво Драгоне, шеф на воениот комитет на НАТО, на X.
По завршувањето на поширокиот состанок, помала група воени команданти продолжува со дискусиите во Вашингтон за безбедносните гаранции за Украина, соопшти западниот извор.
Тој додаде дека генералот Ден Кејн, претседател на Здружениот штаб на американските вооружени сили, ги води разговорите, во кои учествуваат воени лидери од шест членки на НАТО.
Изворот рече дека сè уште нема резултати бидејќи безбедносните гаранции не биле детално дискутирани на претходната видеоконференција.
Изворот вели дека ќе има повеќе состаноци со поширок состав, откако помалата група ќе ги разработи опциите. Нема рок за завршување на разговорите и конечната одлука ќе ја донесат политичките лидери, рече изворот.