Црна хроника
Запленети 168 грама марихуана и приведени четири лица во Скопје

Полицијата заплени 168 грама марихуана и приведе четири лица во Скопје, во рамки на акцијата „Мрежа“ за борба против уличните дилери и криминални групи инволвирани во недозволена трговија со дрога.
Во понеделникот, на 26-ти мај, бил извршен претрес на П.С. (26) кај кого биле пронајдени 20.900 денари кои ги заработил со продажба на дрога на лицето Т.Д. По извршен претрес во домот на Т.Д. пронајдени се две помали пакувања со марихуана со нето маса од 61,7 грама и дигиталната вага.
Претходно на 14 овој месец Т.Д. (24) извршил продажба на марихуана на лицето П.А. (23) по цена од 6.000 денари заради натамошна препродажба, при што по добиена нареба од страна на Судија на претходна постапка полициски службеници извршија претрес на П.А. кај кого е пронајдена и одземена растителна материја-марихуана. Исто така кај истото лице извршен е претрес и во неговиот дом при што во кутија од цигари марка Родео пронајдени се три најлонски паковки и една хартиена паковка со наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 94,84 грама и 1,14 грама амфетамин. Во врска со овој случај извршен е и претрес и кај лицето Р.К. (34) пријателка на Т.Д. кај која истиот криел дел од наркотичната дрога која била наменета за улична продажба, при што пронајдени се три зипер пакувања со марихуана во количин од околу 12,03 грама и две џоинт цигари.
Инаку во досегашните активности во рамки на акцијата „Мрежа”, уапсени се околу 70 сторители, а запленети се над 460 килограми различни видови дрога.
Против лицата П.С. (26), Т.Д.(24), П.А. (23) и Р.К. (34) е поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
24-годишник осомничен за полови дејствија врз 5-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година, дело казниво според член 188 став 5 од Кривичниот законик.
Осомничениот 24-годишник, во неговиот дом во Волково, неколку пати извршил полови дејствија кои што не се состојат во вагинална, анална или орална пенетрација, врз оштетеното дете со кое е во роднинска врска. Тој го користел моментот додека девојчето било во неговиот дом затоа што живееле во одвоени куќи во ист двор, а потоа и се заканувал да не му кажува на татко и бидејќи ќе ја караат и ќе ја тепаат.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, особено имајќи ја предвид можноста за остварување контакт со детето и потребата за заштита на жртвата од осомничениот. Воедно, обвинителството ги ценеше и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можноста да влијае врз постапката. Судот ја прифати ваквата аргументација и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Црна хроника
Зет со тврд предмет го нападнал семејството на невестата во Аеродром

Семејна кавга во Аеродром заврши со физички напад.
На 4 септември во вечерните часови, 23-годишен маж од скопско село, кој е во постапка на развод со својата сопруга ги нападнал нејзиниот 70-годишнен татко и братот во семејниот дом.
Нападот, според пријавата, бил извршен со употреба на тврд предмет.
Црна хроника
Тројца скопјани се степале на паркинг по конфликт во сообраќајот

Насилство во Ѓорче Петров е регистрирано во полицискиот билтен.
Приведени се тројца скопјани, И.К.(55), М.И.(40) и С.А.(30), сите од Скопје, кои се степале на паркинг простор во текот на вчерашниот ден.
На тепачката, според информацијата од МВР, претходело недоразбирање во сообраќајот.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.