Свет
ОБСЕ: Проширувањето на европските санкции на „Спутник“ е проблем за слободата на медиумите

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Арлем Дезир, изјави дека желбата на естонските власти да ги прошират санкциите на ЕУ против генералниот директор на новинската агенција „Русија севодња“ врз колективот на естонската редакција на „Спутник“ создава проблем на полето на слободата на медиумите.
„Проширувањето на санкциите против Дмитриј Кисељов на ‘Спутник’ претставува сериозен чекор од правен аспект и создава проблем во областа на слободата на медиумите“, наведува Дезир.
Тој нагласи дека „Спутник Естонија“ не е на списокот санкционирани од ЕУ.
„Ги повикувам естонските власти да се воздржат од воведување непотребни ограничувања во работата на странските новинари или медиуми кои би влијаеле негативно на слободното ширење на информациите, слободата на медиумите и на тој начин би противречеле на обврските на ОБСЕ,“ додаде тој.
Шефотр на службата за слобода на медиумите на Русија, Валериј Фадејев, исто така го повика естонскиот канцелар за право, Јуле Мадизел, да не дозволи кршење на правата на новинарите на агенцијата „Русија севодња“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германскиoт министер за одбрана: Упадот на руски беспилотни летала во Полска не е грешка

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека руските беспилотни летала што влегле во полскиот воздушен простор биле „јасно насочени на тој начин“.
Писториус ја отфрла можноста за случајна грешка.
Одговарајќи на прашања од пратениците во Бундестагот во Берлин, Писториус рече: „Нема причина да се сомневаме дека станува збор за корекција на курсот, грешка или нешто слично“.
Тој нагласи дека ова покажува како тие се „постојано изложени на закани од провокации“ од руските сили – во Балтикот од морето, а за Централна Европа преку „хибридни напади“ или летови како овие дронови.
Свет
Поплави на Бали, најмалку девет лица загинаа

Поплавите на индонезискиот остров Бали оваа недела убија најмалку девет лица, ги блокираа главните патишта во главниот град и го нарушија животот во прометната туристичка дестинација, соопштија денес официјални лица.
Силните дождови помеѓу вторник вечерта и среда предизвикаа големи поплави и убија пет лица во главниот град на Бали, Денпасар, изјави Абдул Мухари, портпарол на државната агенција за природни катастрофи.
Уште четири лица загинаа во регионите Џембрана, Џијањар и Бадунг, додаде Мухари. Две лица сè уште се водат како исчезнати.
Од 600 жители погодени од поплавите, речиси 200 се евакуирани од своите домови во училишта и џамии бидејќи нивните куќи се сè уште поплавени, соопшти агенцијата.
И. Њоман Сидакарја, раководител на агенцијата за пребарување и спасување на островот, изјави дека поплавите уништиле две згради во Денпасар и додаде дека пристапот до меѓународниот аеродром, кој се наоѓа недалеку од Денпасар, е ограничен бидејќи по патиштата можат да се движат само камиони.
Индонезискиот претседател Прабово Субианто изрази сочувство и му нареди на раководителот на националната агенција за катастрофи да отпатува на Бали за да ги води итни интервенции таму и да ги гарантира основните потреби на населението.
Свет
Руското Министерство за надворешни работи: Полска шири митови

Руското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата дека беспилотните летала намерно влегле во полскиот воздушен простор, нарекувајќи ги митови.
Ја обвини Варшава за „понатамошно ескалирање на украинската криза“ со вакви тврдења, но потврди дека е подготвена да учествува во евентуални разговори со Полска.
Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека „ниту една педа на територијата на Полска не е планирана како цел“ и дека максималниот дострел на руските беспилотни летала што се користат во нападот врз Украина не надминува 700 километри.