Црна хроника
Во судир меѓу вапорето и гондола во Венеција загина германски турист
Во судар на гондола и вапорето (речен трамвај) на венециското јавно сообраќајно претпријатие, во саботата околу пладне загинал германски турист, а неговата ќерка е тешко повредена, јави агенцијата Ansa
Германскиот турист се наоѓал во гондолата заедно со сопругата и трите деца, а несреќата се случила во близина на прочуениот мост Риалто, по маневра на вапоретото, кое, според првичните информации, удрило во гондолата избегнувајќи го густиот сообраќај.
Германскиот турист најверојатно останал пригмечен меѓу двете пловила, а девојченцето претрпело потешка повреда на лицето. Другите патници во гондолата и гондолиерот паднале во водата, но останале неповредени. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен маж од Кумановско, пронајдени пиротехнички средства
Вчера во 12:20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.Д.(58) од село Тромеѓа, кумановско.
Постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници извршија преглед на неговото возило „цитроен берлинго“ на ул.„Бранко Богдански Гуцман“, со кое продавал овошје и зеленчук, при што пронајдоа и одзедоа околу 1.100 разновидни пиротехнички срредства.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведени двајца криумчари, пронајдени се пет лица мигранти
На 30.11.2025 околу 20:00 часот во атар на село Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 15 години од Кочани.
Претходно, на автопатот од наплатна рампа Романовце кон Граничен премин Табановце, полициски службеници дале знак за запирање на возило „фолксваген пасат“ со делчевски регистарски ознаки, во кое се превезувале малолетниците, но возилото продолжило со движење. Набргу, во атар на село Речица, на стар пат за фарма на свињи, возилото запрело, а малолетниците побегнале.
Во возилото се пронајдени пет лица мигранти, од кои три од Мароко и по еден од Алжир и Судан. По преземени мерки, пронајдени и лишени од слобода се и малолетниците.
Мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Полицијата уапси 44-годишен охриѓанец, кој тешко повредил сограѓанин
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Партизанска“ во Охрид, полицијата го приведе А.Ф. (44) од овој град. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид физички го нападнал С.М. (34), при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

