Црна хроника
Во Париз украден дијамантски накит во вредност од 3 милиони евра
Вооружени разбојници украле накит во вредност од околу три милиона евра од продавницата на корпорацијата за дијаманти „De Beers“ во Париз во трговскиот центар Printemps-Haussmann, пренесува во средата AFP.
Според полицијата, грабежот се случил во вторникот во 18,45 часот по средноевропско време. За време на нападот, ограбувачите не употребиле оружје.
Порталот на TFI News пишува дека напаѓачите имале пиштоли во рацете за време на грабежот. AFP објави дека мажите најверојатно носеле перики, биле вооружени со полу-автоматско оружје и носеле панцирни елеци. Ограбувачите, наводно, ја принудиле продавачката да ги отвори касите со дијаманти, ги грабнале скапоцените камења и накитот и побегнале од продавницата преку задниот излез.
Полицијата објави дека вработените останале смирени за време на нападот и дека никој не бил повреден. Трговскиот центар бил преполн во тој период од денот и има неколку очевидци на грабежот што се одвивал пред нивните очи. Париската полиција отвори истрага и почна потрага по криминалците.
Еден ден пред инцидентот во центарот на Париз, грабеж на дијаманти се случи на бриселскиот аеродром, каде што криминалците украдоа од авион на швајцарска компанија 120 кутии со дијаманти, злато и накит кои требало да патуваат за Цирих. Целата операција траела околу пет минути.
Според Антверпенскиот светски дијамантски центар (Antwerp World Diamond Centre – AWDC) кој ги застапува јувелирниците од Антверпен, пазарната вредност на украдените дијаманти изнесува 37,5 милиони евра. Станува збор главно за дијаманти од Антверпен./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инспектор од Македонска Каменица запалил службени документи и предизвикал пожар во полициска станица
Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на отпад, фрлил хартија од службени материјали, ги запалил и ги оставил да горат, по што огнот се проширил околу бурето, ја зафатил сувата трева и се приближил до објектот на Полициското одделение Македонска Каменица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак
Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбен скопјанец во автобус на ЈСП
Скопјанец е ограбен во автобус на ЈСП.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

