Македонија
(Видео) Наќе Чулев: Ќе извршиме увид во незаконските решенија за вработувања во МВР
Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, рече дека со нивниот влез во институциите, ќе направат сè за да биде почитувана волјата на граѓаните за слободни избори.
„Ќе ја согледаме состојбата и нема да дозволиме да се прекршат правата на граѓаните. Ние како техничка Влада не можеме да направиме чуда и не можеме да ја смениме состојбата со партизираната администрација. Но, ќе бидеме гласни против криминалот и корупцијата и нема да дозволиме никаков притисок врз гласачите. Иако знаеме дека оваа власт остави партизиран систем во кој владее непотизам наспроти професионализам, деновиве има над 1.000 решенија на партиски кадри во МВР, со што се деградирани професионалците“, рече Трипуновски.
Запрашан кои се првите чекори во техничката Влада, Трипуновски рече: „Ние уште денес ќе влеземе во институциите, таму каде што има овозможено и создадено услови за тоа. Преостанатите во текот на утрешниот ден и првата работа што ќе биде наша обврска како министри, односно дополнителни технички министри, ќе биде да ја согледаме состојбата во министерствата директно однатре и веднаш ќе се заложиме да преземеме некои чекори што ќе значат подобро утре за македонските граѓани“.
Наќе Чулев, новиот технички министер во МВР, најави дека ќе изврши увид во состојбите во Министерството и ќе ја информираат јавноста доколку имало издадено незаконски решенија за вработување.
„Приоритетна цел во наредниот период како технички министер за внатрешни работи ќе ми биде, пред сè, организирање мирни, фер и демократски избори и за таа цел ќе бидат преземени широк спектар на мерки и активности во насока на превенирање евентуални обиди на криминални, насилни и други структури за нарушување на изборниот процес. Дополнително, со оглед дека се работи за сензитивен безбедносен период, ќе бидат во соработка со меѓународни организации и други државни институции во кои ќе бидат преземени активности за стабилизација на државата и за заштита на уставниот поредок и безбедноста на граѓаните. Што се однесува до последните решенија дадени во изминатите три дена, вклучително и во текот на денешниот ден, сметам дека ни треба период на согледување на состојбата во Министерството за внатрешни работи и за неколку дена ќе излеземе со официјално соопштение во однос на најголем дел незаконски дадени решенија“, додаде Чулев.
Дополнителната заменик-министерка Гордана Димитриеска-Кочоска додаде дека нема да потпише ништо што би значело поткуп на гласачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

