Македонија
Шкријељ: Во институциите повеќе нема деца, празниците ги поминуваат во топол дом и семејна атмосфера

Заменската дополнителна министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ ги посети децата од поранешниот дом “11 Октомври”, кои сега живеат во неколку мали групни домови во Скопје.
По повод Новогодишните и Божиќните празници, Шкријељ на дечињата им подари пакетчиња и им посака да имаат безгрижно детство исполнето со многу љубов, успех и ведра насмевка.
Со овој процес, над 180 деца кои живееја во сиви и гломазни институции, за помалку од две и пол години, Министерството за труд и социјална политика, раководено од Мила Царовска и нејзиниот тим, успеа да ги пресели во мали групни домови со семејна атмосфера. Во институциите нема деца, сега сите живеат во топол дом.
„Со посветена работа, продолжуваме да го имплементираме процесот бидејќи секој граѓанин заслужува да добие услови за достоинствен живот, да му се даде можност да се интегрира во заедницата, а на секое дете да му се овозможи еднаков почеток, а наша цел е децата да го добиваат најдоброто. За имплементација на овој процес имаме силна поддршка од меѓународните организации кои се наши партнери“ истакна Шкријељ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците село Волково – улицата пред последна автобуска станица 22, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците на улицата Будимпештанска околу бр.25., општина Карпош.
Македонија
Утрово нестабилно време на исток, преку денот сончево и ветровито

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во раните утрински и претпладневни часови во источните делови од земјата ќе има нестабилно време со локален пороен дожд и услови за ретки грмежи.
Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, локално со брзина над 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19, а максималните ќе достигнат од 24 до 31 степен.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Облачноста ќе се намали во текот на денот, а ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, додека максималната ќе достигне до 30 степени.
Од вторник ќе преовладува претежно сончево и ветровито време, со умерен до засилен северен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарието.
Македонија
Паркинг ќе се плаќа без пораки, јавен превоз без картички, музеј и жичарница без редици, Ѓорѓиевски претстави нова паметна картичка за Скопје

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, презентираше нова картичка со која сите услуги што ги нуди градот ќе бидат достапни на едно место. Проектот „Скопје сити гоу- паметна картична“ е наменет пред се на младите со цел Скопје да стане вистински модерен европски град што ќе нуди едноставни, практични и паметни решенија за сите граѓани.
„Ова е еден од проектите со кој особено се гордеам, Скопје сити гоу – паметна картичка со која сите услуги што ги нуди Градот ќе бидат достапни на едно место. Наместо десетици различни карти, апликации и плаќања, секој граѓанин ќе има една унифицирана и дигитална алатка. Јавен превоз – едноставен пристап без редици, готовина и посебни картички. За младите ова значи повеќе мобилност и слобода. Паркинг без пораки, автомати и губење време. Брзо и практично решение преку самата картичка. Културни и забавни содржини – музеите, кината, театрите, жичарата и зоолошката градина ќе бидат достапни преку едно средство“, најави Ѓорѓиевски.
Картичката „Скопје сити гоу“ Ѓорѓиевски вели дека ќе биде симбол и на социјална еднаквост.
„Средношколците, семејствата со ниски примања, пензионерите, невработените и лицата со попреченост ќе ја добијат бесплатно. За нив, услугите ќе бидат бесплатни или со драстично намалени цени. Никој нема да биде изоставен“, вели градонаалникот Ѓорѓиевски.
Картичката тој очекува да има вредност и надвор од јавниот сектор, одноно општествено одговорни компании ќе овозможат преку неа дополнителни услуги и поволности.
Предвидено е „Скопје сити гоу“ да биде достапна и како мобилна апликација, но и како физичка картичка за оние кои ја преферираат класичната форма, а секој, без разлика на возраста и технолошките навики, ќе може лесно да ја користи.
„Ова е визија за поинакво Скопје, град кој им штеди време и пари на своите жители, кој се грижи за младите и за ранливите категории, и кој ја користи технологијата за да им служи на луѓето. Со ’Скопје сити гоу’ започнуваме ново поглавје – модерно, дигитално и европско Скопје“, рече Ѓорѓиевски.