Спорт
Без „големи“ пресметки во четвртото коло на ФА купот

Лидерите на Премиер лигата, Ливерпул ќе играат со Бристол сити од Чемпионшип или со третолигашот Шрузбери во четвртото коло на ФА купот, додека носителите Манчестер сити ќе се соочат со Фулам, откако беше направена ждрепката во која нема навистина „големи“ дуели.
Челси ќе играат со уште еден второлигаш, Хал сити, додека Лестер ќе играат со второлигашот Брентфорд. Победникот од дуелот Манчестер јунајтед-Вулфс ќе игра со Вотфорд или Транмир, кои одиграа 3:3 во првиот меч.
Во игра остануваат шестнаесет премиерлигашки тимови, додека Нортхемптон, како деветти во Лига 2 (четврта лига) се најнискорангираниот тим и ќе играат дома со Дерби каунти. Карлајл се другиот тим од четвртата лига. Мечевите се играат помеѓу 24 и 27 јануари.
ФА КУП, 4.КОЛО
Вотфорд/Транмир – Вулверхемптон/Манчестер јунајтед
Хал – Челси
Саутемптон – Милдзборо/Тотенхем
Квинс парк ренџерс – Шефилд венсдеј
Бурнемаут – Арсенал/Лидс
Нортхемптон – Дерби каунти
Брентфорд – Лестер
Милвол – Шефилд јунајтед
Рединг/Блекпул – Кардиф/Карлајл
Вест хем – Вест Бромвич Албион
Барнли – Норич
Бристол/Ковентри – Бирмингем сити
Манчестер сити – Фулам
Рочдејл/Њукасл – Оксфорд јунајтед
Портсмаут – Барнсли
Бристол сити/Шрузбери таун – Ливерпул
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Голманот Муслера со гол ја „завери“ 25-та титула на Галатасарај

Фудбалерите на Галатасарај ја освоија 25-та титула шампион на Турција и со тоа ја комплетираа „двојната круна“.
На две кола пред крајот, тие ја зачуваа недостижната предност од осум бода пред најголемиот ривал Фенербахче.
Галатасарај ја продолжи доминацијата во турскиот фудбал, а титулата ја потврди со победа од 3:0 над Кајзери.
Стрелци на стадионот „Али Сами Јен“ беа Виктор Осимен и Барис Јилмаз во првото полувреме, односно голманот Фернандо Муслера во второто полувреме.
Уругвајскиот голман постигна гол од пенал во 88-та минута.
GOOOOLLL FERNANDO MUSLERA pic.twitter.com/6cfpB8AWjt
— Ali Sami Yen Sokak (@ASYSokakcom) May 18, 2025
Навивачите однапред се подготвуваа за прославата на титулата, но и за Денот на младите и спортот утре 19. мај, ден со кој се обележува сеќавањето на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерна Република Турција.
Потоа, навивачите на Галатасарај имаа порака за најголемата ѕвезда, Виктор Осимен.
„Остани со нас, Оси! Не затоа што мораш, туку затоа што сакаш“.
Осимен оваа сезона ја одигра како позајмен фудбалер од Наполи.
Спорт
(Видео) Арсенал го обезбедеи второто место, од третото до седмото се води битка за пласман во ЛШ

Фудбалерите на Арсенал го победија Њукасл со 1:0 во 37-то коло од Премиер лигата.
Арсенал и доколку имаше ненкави дилеми ја обезбеди втората позиција, додека Њукасл се наоѓа во групата од пет тима кои се борат за преостанатите три места, кои носат пласман во Лигата на шампионите.
Арсенал победи со 1:0, со голот на Деклан Рајс во 55-та минута од натпреварот.
Претходно во трката за место во Лигата на шампионите се врати Нотингем Форест. „Шумарите“ во Лондон го победија Вест Хем со 2:1. Стрелци на головите за Форест беа Морган Гибс-Вајт во 11-та и Никоа Миленковиќ 61-та минута. Голот за „чеканите“ го постигна Џерод Боувен.
На табелата Њукасл, Челси и Астон Вила имаат по 66 бода, а Манчестер сити и Нотингем Форест по 65. Сити има натпревар помалку од конкурентите, кој ќе го одигра во вториник, кога ќе го пречека Борнмут.
Спорт
Алкалоид ја замолкна Атина, го победи АЕК во првиот финален меч во Европскиот куп

Ракометарите на Алкалоид забележаа победа во првиот финален натпревар во Европскиот куп. Алкалоид во Атина го победи АЕК со 29:25 (16:14). Херој на победата е голманот Галевски, кој одбрани пет седмерци во второто полувреме.
Алкалоид 60 минути го делат од најголемиот успех во историјата на клубот. Реваншот е за седум дена во Скопје, во кој избраниците на Кирил Лазаров ќе влезат со предност од четири гола.
Речиси совршен натпревар одиграа играчите на Алкалоид во пеколната атмосфера во Атина. Клучната серија ја направија од 26.минута кога од минус два, дјдоа до плус два пред паузата. На стартот од вториот дел предноста се зголеми за уште еден гол и од тој момент Алкалоид ја презеде контролата врз натпреварот.
АЕК неколку пати дојде до минус 1, но не успеа да изедначи. Најмногу благодарение на брилијаниот Галевски. 20-годишникот одбрани пет од шесте пенали во вториот дел.
Мечот во вториот дел два пати беше во прекин, домашните навивачи фрлаа ситни предмети на теренот, еден од нив за врши во главата на Дамјан Митев.
Галевски натпреварот го заврши со осум, а неговиот колега Кизиќ со девет одбрани. Најефикасни беа Серафимов со шест и Силва со пет гола.