Спорт
Јокиќ со рекорд за Божик, Дончиќ со нов трипл-дабл (Видео)
Никола Јокиќ и Лука Дончиќ ги предводеа своите тимови до нови победи во НБА лигата. Србинот од Денвер Нагетс постигна рекорден број на поени во кариерата, додека Словенецот од Далас Маверикс забележа нов трипл-дабл.
Денвер играа против Атланта Хокс, победија со 123:115, а Јокиќ постигна 47 поени, на кои придодаде осум скока, пет асистенции, две украдени топки и едан блокада. Са српскиот репрезентативец ова е рекорд во кариерата.
Денвер се втори на Западот со 25 победи и 11 порази, додека Атланта е при дното на Истокот со осум победи и 29 порази.
Далас славеа победа во дуелот со Чикаго Булс 118:110. Дончиќ го постигна 11 трипл-дабл во сезоната (38 поени, 11 скока, 10 асистенции).
Изминатата ноќ блесна уште еден играч од просторите на поранешна Југославија. Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ постигна 35 поени во победата на Јута над Њу Орлеанс 128:126.
Резултати:
Шарлот-Индијана 104:115
Орлансо-Бруклин 101:89
Филаделфија-Оклахома 120:113
Вашингтон-Бостон 99:94
Сан Антонио-Милвоки 126:104
Сакраменто-Голден стејт 111:98.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Го Ахед Иглс ја победија фаворизираната Астон Вила

Најголемото изненадување во првиот термин од 3. коло на Лига Европа дефинитивно го направи Го Ахед Иглс. Холандскиот преставник ја победи фаворизираната Астон Вила со 2:1.
Натпреварот на стадионот „Де Аделаршорст“ во Холандија започна лошо за домашниот тим. Во четвртата минута Гесанд погоди за водство на Астон Вила.
Во самиот финиш на првото полувреме по центашутот на Твихт, Сари успеа да избега од комплетната одбрана на премиерлигашот и го совлада голманот на Астон Вила.
Холанѓаните го комплетираа пресвртот во 61-та минута кога Дејл го совлада Емилијан Мартинез по втор пат.
Резултати: Бран – Ренџерс 3:0, ФЦСБ – Болоња 1:2, Фенербахче – Штутгарт 1:0, Генк – Бетис 0:0, Лион – Базел 2:0 и Салцбург – Ференцварош 1:3.
Спорт
(Видео) Шкендија со авто-гол го победи Шелбурн

Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Шампионот на Македонија, Шкендија ја забележа првата, историска победа, во главната фаза во натпревар во организација на УЕФА. Во второто коло, во Конференциската лига, Шкендија го совлада Шелбурн од Република Ирска со 1:0 (0:0).
Важноста на дуелот го направи своето, Шкендија одигра претпазливо, на крајот среќно дојде до победата. Во меч без многу шанси, во кој гостите преку Мартин во 66-та минута ја погодија стативата, решавачки беше авто-голот на Берет во 92-та минута.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v6yi532″,”div”:”rumble_v6yi532″});
Спорт
Меси го продолжи договорот со Интер Мајами

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња го стави својот потпис на новиот договор со Интер Мајами. Аргентинецот се обврза да остане во Флорида најмалку до 2028 година.
Легендарниот Аргентинец пристигна во Соединетите Држави во летото 2023 година, кога беше откриено дека ќе заработува над 20.000.000 долари годишно, заедно со удел во акциите на клубот.
Финансиските детали од новиот договор се уште не се познати, но се очекува дека по неговото завршување, поранешниот член на Барселона и Пари Сен Жермен ќе заврши феноменална кариера.
Откако пристигна во Мајами, осумкратниот освојувач на Златната топка постигна 71 гол и додаде 37 асистенции во 82 одиграни натпревари. Нему му се придружија старите пријатели Луис Суарез, Џорди Алба, Серхио Бускетс, Родриго Де Пол и Хавиер Маскерано, кој е тренер на тимот.
Lionel Messi has agreed to a new contract with Inter Miami that will keep him at the club for the next three years 📝 pic.twitter.com/UzVFHBTjMo
— Sky Sports News (@SkySportsNews) October 23, 2025