Црна хроника
Две кражби во Тетовско – пленот вреден 16 000 евра
Ноќеска на територијата на Тетово ограбени се два објекти при што арамиите си заминале со богат плен. Од куќата на Х.К. (37) во Мала Речица биле украдени 11 илјади евра кои сопственикот ги чувал во најлонско ќесе, а додека пак домот на С.Т. (41) од Камењане бил олеснет за околу 300 илјади денари.
Во првиот случај кражбата се случила некаде помеѓу 23 и 30 часот и два часот по полноќ, додека кражбата во Камењане во периодот помеѓу 19 и 20 часот. И во двата случаи арамиите извршиле детален претрес во домовите по што го откриле пленот и со полни раце го напуштиле местото.
Двата случаи се пријавени во полиција.
„Надлежните по направениот увид подигнаа траги за вештачење и преземаат мерки за откривање на сторителите“, соопштуваат од СВР Тетово./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе
Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот, во семејниот дом физички го нападнала своето шестмесечно бебе.
Бебето било итно пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана лекарска помош.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од Кратово нападнала вработени во Центарот за социјални работи
Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава против Е.М. (38) од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти МВР.
На 3 октомври 2025 година, во Кратово, пријавената со дрвен предмет се обидела да нападне вработено лице во Јавната установа „Центар за социјални работи“ – Кратово, а упатувала и закани кон други вработени во установата додека ги извршувале своите работни задачи.
Топ
Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром
Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“ изгубил контрола и удрил во контејнери и во паркирано возило алфа Ромео. Осомничениот, 22-годишниот М.А.А. од Турција со привремен престој во Скопје, избегал од местото, јави Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, настанот се случил вчера во 22:50 часот. Полицијата го лоцирала возачот по кратка потера и го привела. При алкотест му биле измерени 0,97 промили алкохол во крвта, а по распитот бил изнесен пред судија за прекршоци.
Осомничениот се товари за 3 прекршоци, недозволена брзина, напуштање на лице место и возење под дејство на алкохол.

