Спорт
Конор со видео покажa дека е подготвен за враќање во кафезот (видео)
Конор Мекгрегор со видео на социјалните мрежи сакаше да покаже дека е подготвен за враќање во УФЦ октагонот првпат по поразот од Хабиб Нурмагомедов во октомври 2018. „Ноториус“ ќе се сретне со Доналд „Каубој“ Серон на 18 јануари во Лас Вегас во првиот од предвидените три меча за 2020 во која сака да ја врати репутацијата и да добие ри-меч со Нурмагомедов.
Но, за тоа да се случи, прво ќе мора да биде подобар од ветеранот Серон, и како најава тој го објави својот тренинг на „УФЦ перформанс институт“ во Лас Вегас, покажувајќи дека е подготвен за акција. На снимката се гледа како Мекгрегор работи со својот тренер за удари, Овен Роди, но и со засилувањата во неговиот камп – поранешниот ирски олимписки боксер, Фил Сатклиф.
УФЦ 246 ќе биде трет меч на Мекгрегор во велтер категорија, откако во 2016 двапати се бореше со Нејт Диаз, и токму затоа неговата физичка подготвеност изгледа многу подобра отколку пред дуелот со Нурмагомедов, кој беше во лесна категорија.
View this post on Instagram
Clean work at the gym with my team while DJ Bissett blasts the tunes! #9days #McGregorRecords
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Историски настап на Венус Вилијамс во Мелбурн и пораз од Олга Даниловиќ
Венус Вилијамс испиша историја на Отвореното првенство на Австралија, но враќањето во Мелбурн по пет години го расипа српската тенисерка Олга Даниловиќ.
Во драматичен меч од првото коло, Даниловиќ победи со 6:7(5), 6:3, 6:4, иако Вилијамс водеше со 4:0 во решавачкиот сет.
На 45 години, Вилијамс стана најстарата тенисерка што некогаш играла во главниот ждреб на турнирот, за што доби покана од организаторите.
Својот прв натпревар на Отвореното првенство на Австралија во 1998 година го одигра како 17-годишна девојка. Самата таа призна дека не била свесна дека ќе го сруши рекордот кога ја прифатила поканата.
„Не размислував за тоа сè додека не излезе во медиумите. Па, браво. Да браво за мене! Ајде да го направиме тоа“, изјави таа.
Седумкратната освојувачка на Гренд слем се врати минатото лето, на Отвореното првенство на САД во септември, во пар со Лејла Фернандез, стигна до четвртфиналето.
Во декември се омажи за својот сопруг Андреа Прети, но истакна дека пред да дојде во Австралија, за прв пат од 2021 година, „тренирала без престан три месеци“.
Американката двапати играше во финалето на во Мелбурн, во 2003 и 2017 година, но двата пати беше поразена од нејзината сестра Серена. На истиот турнир, таа освои четири титули во двојки.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Јувеентус потона на Сардинија
Фудбалерите на Каљари, приредија мало изненадување со победата над Јувентус (1:0) во 21-то коло од Серија А. Натпреварот на Сардинија, уште еднаш ги потврди констатциите на стручната јавност во Италија, дека овој тим на Јувентус нема квалитет да се бори за шампионската титула.
Натпреварот во Сардинија, во кој гостите беа подобри, но не и доволно конкретни, беше решен во 65-та минута со мајсторијата на играчот на Каљари, Лука Мацители. Тоа беше совршена акција со два потега на домашниот тим.
Голот за триумф на Каљари можете да го погледнете Овде.
Гостите, пропуштија неколку шанси, Јилдиз ја погоди стативата во самиот финиш, но резултатот остана 1:0.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Чудо во Хернинг: Раул Гонзалес со Србија ја победи Германија
Србија приреди вистинска сензација со победата над Германија 30:27 (13:17), во второто коло на Европското првенство во ракомет. Избраниците на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, со гранитна одбрана го шокираа големиот фаворит во второто полувреме, во кое надополнија негатива од четири гола.
Германија го диктираше темпото во првото полувреме, во кое Србија држеше приклучок благодарение на голманот Дејан Милосављев. Сепак во финишот на полувремето Германците успеаја да дојдат до голема предност.
Вториот дел, може да се каже дека е мастерклас на селекторот Гонзалес. Србите ги натераа Германците на период од шест минути без постигнат гол, поведоа со гол разлика, Германците одговорија со серија 4:1.
Вистинска драма се случуваше во финишот, а особено неверојатен беше моментот кога германскиот селектор побара тајм-аут, во моментот кога Кнор постигна гол, при водство на Србија 27:26.
— OvoOno (@OvoOnoX) January 17, 2026
Тој момент како да ги поремети Германците, Зербе промаши и седмерец, а потоа Србија мирно го заклучи натпреварот.
Којадиновиќ и Воркапиќ беа најефикасни со по шест гола, заедно со Пешмалбек (5), Додиќ (4) и Вања Илиќ (3). Се истакна и Милосављев, кој го заврши натпреварот со 12 интервенции. На другата страна, одлични беа Шлуров и Ушчинс (по 6 гола), како и Кнор (5) и Зербе (4).
Во последното коло, во оваа А група, Србија ќе игра против Австрија, а Германија ќе се соочи со Шпанија.

