Контакт

Црна хроника

Обвинителството бара повисока затворска казна за убиството на малата Мевљана

Објавено пред

Јавното обвинителство поднесе жалба на пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје и бара повисока затворска казна за невенчаните сопружници кои се осудени дека до смрт ја претепаа малата Мевљана на 21-ти март минатата година.

dobivaj vesti na viber

Сопружниците Џемаил Браими и Јасмина Махмуд на 27-ми март годинава беа осудени на по 20 години затвор за убиството на тригодишното девојче, но јавниот обвинител во овој случај смета дека изречената казна е недоволна.„Обвинителството незадоволно од Пресудата поднесе жалба сметајќи дека изречената казна е недоволна за вакво кривично дело дотолку повеќе што во случајот доминираат отежнителните околности, бидејќи се посегнува по живот на тригодишно девојче, како и отсуството на покајување на обвинетите во текот на процесот. Кривично правниот настан согледан во целина со сите околности кон него, според надлежниот јавен обвинител,  заслужуваат преиспитување од страна на повисок суд“ , соопштуваат од Основното јавно обвинителство Скопје.Обвинителот во овој случај, Дарко Јакимовски, во завршните зборови побара да се казнат двајцата сопружници, бидејќи како што рече, заштитата на детето е највисоко на пиедесталот во секое современо општество и никој нема право независно дали за тоа постои причина да посегнува по животот на детето.Обвинетите пак, до последното рочиште тврдеа дека не го убиле девојчето, туку дека се случил несреќен случај.Според обвинението, двајцата сопружници ја чувале Мевљана и нејзиното братче додека мајка им била на работа.Невенчаните сопружници ја претепале малата Мевљана оти се измокрила на килимот. Вештачењето покажало дека девојчето било тепано со тупаници, клоци, притискање со нога, а на вратот имало и знаци на давање.Нејзината мајка побара обвинетите да бидат во затвор додека се живи./крај/мф/ффс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Обид за убиство во Виница: маж избоден четири пати пред угостителски објект

Објавено пред

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од овој град, по вербална расправија, со нож нападна друг маж, Д.С., нанесувајќи му четири убодни рани.

dobivaj vesti na viber

По нападот, напаѓачот веднаш побегнал од местото на настанот.

Сепак, полициските службеници по обезбедувањето на оперативни сознанија синоќа во Кочани го приведоа, Н.В.

Надлежното јавно обвинителство е известено и се работи на целосно документирање на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Објавено пред

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Објавено пред

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

dobivaj vesti na viber

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Патот Брезница – Македонски Брод целосно затворен поради пожар

Поради пожар, утрово целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод. Според...

Македонија37 минути

23,7 отсто од младите во земјава ниту учат, ниту работат – „Хера“ со порака до кандидатите за градоначалници

Додека светот денес го слави 12 август -Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во реалност...

Топ53 минути

Обид за убиство во Виница: маж избоден четири пати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32)...

Свет1 час

(Видео) Рекорден топлински бран во Европа – во Италија почина четиригодишно дете

Во топлинскиот бран кој вчера ја зафати Европа, едно дете почина од топлински удар во Италија, додека шумските пожари закануваа...

Македонија2 часа

Штедачите на „Еуростандард банка“: Пет години нема ниту едно обвинение, ниту еден обвинет, ниту едно рочиште

Пет години по затворањето на „Еуростандард банка“, оштетените штедачи повторно јавно реагираат дека истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење...

Свет3 часа

Трамп: Ќе се обидам да вратам дел од територијата на Украина, за танго се потребни двајца

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во Белата куќа дека неговата средба со Владимир Путин ќе биде „разговор за да...

Забава3 часа

(Видео) „Јадранскиот Титаник“ потонал пред 111 години: денес е атракција за нуркачите во близина на омиленото место на Тито

Некогаш најубавиот брод на австриската компанија Österreichischer Lloyd – елегантен, брз и луксузен – лежи веќе 111 години на дното...

Македонија4 часа

Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија14 часа

Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се...

Македонија14 часа

Најмногу туристи ни дојдоа од Турција во јуни

Според податоците од Државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјата биле регистрирани вкупно 126.415 туристи, од кои 20,1...

Македонија18 часа

Стоматолошката комора тврди – нема неправилности, Министерството за здравство ја брани одлуката за преземање на лиценцирањето

Претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски, на прес-конференција изјави дека повеќекратните контролни надзори не откриле неправилности во работењето на Комората....

Македонија20 часа

Почувствуван земјотрес во Битола и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Економија20 часа

Се намалуваат цените на дизелот и на бензините

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија21 час

Мицкоски за изјавите дека УЧК имала праведна борба: Не може убиства од заседа да се праведна борба, нека не се игра на картите на ДУИ за поделби

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во текот на денешната посета на општина Петровец, на новинарско прашање беше запрашан за коментар...

Македонија21 час

(Видео) „Началникот од Демир Хисар, кој недолично се однесувал кон друго лице, веќе е разрешен, нема штитење поединци“, вели Манасиевски

„Моралот и принципите се спроведуваат на дело. Нема веќе штитење на поединци затоа што биле блиски до една, друга или...

Македонија22 часа

(Фото) Пожарот во атарот на селото Долно Дупени ставен под целосна контрола

Пожарот во атарот на село Долно Дупени, во близина на Преспанско езеро, со дејство на екипи на ТППЕ Ресен и...

Македонија22 часа

(Видео) Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот на Тошковски и да ја прошири истрагата, бара СДСМ

„Пред Основното јавно обвинителство, СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски и проширување...

Македонија23 часа

Невидена партизација во тек, единствениот пат до вработување е или преку партија или преку граница, велат од СДСМ

„Во државата на ДПМНЕ, нема институција која не е подложена на груба партизација пред изборите. МНАВ, Министерството за одбрана и...

Македонија1 ден

Општините лани потрошиле рекордни 𝟣𝟫𝟢 милиони евра на тендери, Град Скопје првпат не е прв на листата

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за сите набавки на општините во 2024 година. Истражувањето...

Свет1 ден

(Видео) Зеленски би можел да учествува на средбата Трамп – Путин, тврдат Американците

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да присуствува на средбата меѓу...