Спорт
Трагедија на Дакар релито – почина ветеранот Пауло Гонсалвеш
Дакар релито, кое за првпат се оддржува во Саудиска Арабија ја зеде својата прва жртва во 2020, откако португалскиот ветеран Пауло Гонсалвеш почина по судирот кој го имаше на неделната седма етапа.
40-годишниот Гонсалвеш се натпреваруваше на своето 13. Дакар рели со индискиот производител Херо, и беше 46. во генерален пласман. Тој се судрил по 276-тиот километар на релито во 10.18 часот по локално време, а откако пристигнал медицинскиот хеликоптер, било утврдено дека имал срцев удар. Тој е првиот натпреварувач кој загинал на релито по Михал Херник во 2015 година.
Гонсалвеш имаше освоено бројни мотокрос и ендуро титули во Португалија, пред да дебитира на Дакар релито во 2006, завршувајќи на 25. место. Во 2009, во првото рели во Јужна Америка, тој беше во топ 10 со пласман на 10. место, а во 2013 година го повтори успехот, а ја освои и ФИМ крос-кантри титулата.
Portuguese biker Paulo Gonçalves passed away.
Décès du pilote portugais Paulo Gonçalves.
Fallecimiento del piloto portugués Paulo Gonçalves.
+ info: https://t.co/mBQxbXgtXe#Dakar2020 pic.twitter.com/amW48i4C2G
— DAKAR RALLY (@dakar) January 12, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Парехо: Судијата престрого го исклучи Веига
Барселона го победи Виљареал со 2:0 на гостински терен вчера во натпреварот од 17-то коло на шпанската Ла Лига. По триумфот повторно под лупа се најдоа судиите. Капитенот на домашниот тим, Дани Парехо, застана пред камерата и не беше многу импресиониран од победата на Барселона.
Блауграната добро го отвори натпреварот и поведе со 1:0 веќе во 12-та минута кога од пенал, гол постигна Рафиња.
Иако Виљареал пропушти неколку одлични можности во првото полувреме, на крајот, еден детаљ од 39-та минута го реши натпреварот.
Дефазивецт на домашниот тим, Ренато Веига, доби директен црвен картон за опасен старт врз Ламин Јамал. Црвениот картон предизвика огромно незадоволство кај домашните, кои беа сигурни дека стартот не е за исклучување.
Барселона предноста од играч повеќе ја искористи во вториот дел кога постигна уште еден гол, Јамал ги постави конечните 0:2 во 63-та минута.
„Освен голот од пенал и пречката, Барселона не направи апсолутно ништо во првото полувреме, ние бевме многу подобри од нив. Да не добиевме црвен картон, којзнае што ќе се случеше“, вели Парехо и продолжи.
„Од моја гледна точка, судијата лесно го покажа црвениот картон. Стартот беше во дел од секундата, практично рефлексна реакција, па не сум баш сигурен дека бара автоматско исклучување. Жолт картон ќе беше доволна санкција, црвениот е премногу. Судиите се луѓе, прават грешки како сите ние. Да немаше судии, натпреварите немаше ни да се играат.“
Барселона ќе ја заврши 2025 година како првопласирана на табелата со четири бода пред Реал Мадрид.
Foto/ freerangestock
Спорт
(Видео) Фиорентина во 16-то коло ја запиша првата победа
Звучи неверојатно, но славниот клуб од Фиренца токму овој викенд ја забележа својата прва победа во италијанското првенство.
Во претпоследниот натпревар од 16-то коло од Серија А, Фиорентина го победи Удинезе со 5:1 (3:0).
Фиорентина имаше предност од три гола по првите 45 минути, а разликата меѓу двата клуба ја црвениот картон на гостинскиот голман Мадука Окоје, кој беше исклучен во осмата минута.
Фиорентина знаеше како да го искористи играчот плус на теренот и постигна три гола пред паузата. Стрелци беа Роландо Мандрагора, Алберт Гудмундсон и Шер Ндур.
Во второто полувреме, домашните постигнаа уште два гола, двата во режија на Моизие Кен, а почесниот гол за гостите, го постигна Умар Соле.
Интересно е што ова е прва победа за Фиорентина од последното коло од минатата сезона кога славеа против истиот ривал (3:2 во Удине).
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Ножичките на Ел Каби го отворија Африканскиот куп
Мароканската фудбалска репрезентација го отвори 35-от Африкански куп на нации со победа. Домаќинот на турнирот ја победи селекцијата на Коморските Острови со 2:0.
Натпреварот на стадионот „Принцот Мулај Абделах“ во Рабат, го обележа спектакуларниот гол на Ел Каби. Напаѓачот на Олимпијакос од Атина, пред година и пол најдобар стрелец на Конференцијата на Лигата на УЕФА, влезе во игра во 65-та минута, а само девет минути подоцна ја разубави и ја завери победата на својата селекција на отворањето на првенството со спектакуларни ножички.
Мароко претходно поведе во 55-та минута со голот на играчот на Реал Мадрид, Брахим Диаз, на асистенција на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Мазрауи.
Рахими можеше да го доведе Мароко во водство во 11-та минута, но неговиот удар од пенал, го одбрани голманот Јаник Пандор.
Мароко беше шампион на Африка само еднаш, во 1976 година, и затоа овој пат како домаќин на турнирот, ќе биде под голем притисок да ја освои титулата и во исто време да го оправда. четврто место од последното Светско првенство во Катар 2022 година.
Во второто коло, во петок, 26 декември, Мароко ќе игра против Мали, додека Коморите ќе се соочат со Замбија истиот ден.
Foto/ depositphotos

