Црна хроника
Двајца тинејџери загинаа кај Дубровник
Двајца тинејџери на возраст на 16 години загинаа, а четири лица се потешко повредени во автомобил во кој во средата доцна вечерта се удри во дрво, кај местото Купари, во близина на Дубровник.
Несреќата се случила синоќа во 22:37 минути кога „голф“ со дубровничка регистрација се забил во дрво покрај патот, соопшти полицијата.Причините за несреќата најверојатно е неприлагодената брзина и лизгавост коловоз.Локалните медиуми наведува дека во возилото имало шест лица на возраст од 15 до 18 години. Покрај двајцата загинати,е ден од повредените е во тешка состојба, додека другите тројца меѓу кои и возачот, кој имал 18 години, се полесно повредени. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.

