Црна хроника
Двајца од Министерство за транспорт загинаа кај село Колари
Две лица загинаа, а една жена е тешко повредена во сообраќајна незгода што се случила во вторник наутро кај кичевското село Колари.
Во сообраќајката која се случила во 9.50 часот во близина на мостот на магистралниот пат А2 Кичево – Гостивар-Скопје, учествувале две возила, автомобил „форд фиеста“ во сопственост на Министерството за транспорт и врски и комбе марка „фолксваген“, најверојатно такси.
Во службеното возило на Министерството за транспорт и врски имало две лица, маж и жена, кои починале на лице место, а полицијата работи на утврдување на нивниот идентитет.
Во комбето, повредени се возачот и неговата сопатничка.
Возачот од село Туин е со полесни повреди и е пренесен во болницата во Кичево, а неговата сопатничка, од село Колари, е со потешки повреди и е пренесена во Ургентниот центар во Кичево.
На местото на несреќата се прави увид од истражен судија и јавен обвините, но според портпаролот на охридското СВР, Стефан Деимоски, нема застој во сообраќајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

