Спорт
Кој е Кике Сетиен, новиот тренер на Барса?
Поранешниот тренер на Реал Бетис, Кике Сетиен е потврден за нов тренер на Барселона по неизбежниот отказ кој го доби Ернесто Валверде, откако Чави и Роналд Куман решија да ја одбијат шансата да станат тренери на својот поранешен тим.
Позицијата на Валверде на клупата на „Блауграна“ стана неодржлива по елиминацијата во Суперкопа од Атлетико Мадрид, и сега на секогаш „жешката“ позиција доаѓа Сетиен со договор до 2022 година.
Кој точно е Сетиен?
Тој беше талентиран фудбалер од средниот ред на Расинг Сантандер, каде што помина осум години и имаше 205 настапи и 43 гола. По ова, тој играше за Атлетико Мадрид и Логроњес, пензионирајќи се како фудбалер на Леванте.
61-годишниот Сетиен почна со тренерската кариера во Расинг во 2000, по што работеше како тренер на Поли Ехидо и Логроњес, пред да стане селектор на репрезентацијата на Екваторијална Гвинеја. Тој се врати во Шпанија за пет години да биде тренер на Луго, по што замина во Лас Палмас, каде што ги спаси од испаѓање и го покажа својот талент за интелигентен фудбал со многу додавања и посед на топка.

Импресивните резултати со малиот клуб од Канарските Острови го предизвика вниманието на Реал Бетис, кои го поставија тренер во 2017. Во првата сезона со тимот, тој ги врати во европските натпреварувања, со 5:3 го доби градското дерби со Севилја и ги предводеше до шестото место. Таму тој ги „направи“ кариерите на Фабијан Руиз и Жуниор Фирпо, кои потоа заминаа од клубот.
Втората сезона започна ветувачки, но на крајот тимот заврши во средината на табелата и си замина од Бетис и покрај тоа што имаше уште една година од договорот.
Фановите на Барса би требало да се сигурни дека тој ќе донесе убав, напаѓачки фудбал со неговата фаворизирана 4-2-3-1 формација, која му носеше споредба со легендата на Барсас, Јохан Кројф.
„Се сеќавам кога дојде Барса на Јохан Кројф. Против нив цело време трчавте по топката. Веднаш ми се допадна таквата игра и посакав да бидам во таков тим. Решив да го правам тоа во текот на мојата кариера и дури тогаш почнав навистина да го анализирам фудбалот“, изјави лани Сетиен.
Сега, тој ќе може да го промовира овој „тотален“ фудбал во клубот кој ја измисли таквата игра.
Let’s meet our new manager, @QSetien! Come on!
? https://t.co/f0YyKPYBjv pic.twitter.com/QwyUMDO7mm— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 14, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

