Црна хроника
Старец допирал деветгодишно девојче на „Првомајска“
Седумдесет итригодишен старец од Скопје му дал 30 денари на деветгодишно девојче за да го придобие нејзиното внимание и потоа почнал да го допира по неговите интимни делови, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.А. поради основано сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години”.
Пријавениот, на први април движејќи се по ул. „Првомајска” во општина Кисела Вода, пресретнал деветгодишно девојче при што најпрво и дал 30 денари, а потоа почнал да ја допира по телото и интимните делови, по што ја ставил нејзината рака на неговите интимни делови.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кучиња скитници искасале две лица во Скопје
Ноќеска во 22.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.Ќ.(19) од Скопје пријавила дека на ул.„Никола Киров -Мајски“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, Т.Д.(72) од Скопје пријавил дека на ул.„Лондонска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
20-годишник тешко повреден: со возилото излетал од патот
Во Полициската станица Радовиш вчера во 12.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица, кај с.Калуѓерица, патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М.(20) од с.Оризари, кочанско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.
Црна хроника
Прегазена жена во Охрид
Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „пежо 407“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.А.(52), удрило во Ц.П.(74), двајцата од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.П., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.