Македонија
Чулев: Службените возила беа несоодветно и непрофесионално користени

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, смета дека Оливер Спасовски, преку, како што вели, премерска величина, се обидува да ги скрие хаосот и безредието што ги оставил зад себе. Чулев, наспроти Спасовски, вели дека е важно кој какви службени автомобили користи бидејќи, според него, тие се несоодветно и непрофесионално распоредени.
Министерот смета дека со автомобилите се прави обид за проблематизирање на изборите и нивно одржување, кое вели дека нема да го дозволи.
„Зад целата прашина во врска со овој случај се наѕира потребата да се проблематизираат изборите и нивното одржување, нешто што јас нема да го дозволам со целиот мој капацитет и капацитетот на институцијата со која раководам. Важно е каде се возилата, господине Спасовски, бидејќи изминативе 3 години блиските на вашите подредени се возеа во полициски автомобили, се кријат оштетени автомобили, инспектори беа во друштво на криминогени и сомнителни лица, а сега сакате со нив да осигурите повторување на истите работи од минатите изборни циклуси“, пишува Чулев на социјалните мрежи.
Министерот посочи дека последниот министерски ден на Спасовски пред да биде избран за технички премиер направил прераспределба на возилата од кабинетот на МВР во други институции.
„За кој систем на кариера сте се залагале кога омилена алатка за распоредување и унапредување ви биле наредбите? Очигледно за Вас правилата не значат ништо. За граѓаните, клучно е да знаат дали функционерите прават злоупотреби или ќе продолжиме да ги слушаме истите демагогии како досега. Безбедноста на граѓаните треба да е најважна, МВР за тоа постои и така ќе работи додека ја сум прв човек на оваа институција“, додава Чулев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски да не ги штити неговите началници, за трагедијата во Кочани мора да има одговорност, велат од СДСМ

Изминуваат 37 дена од трагедијата во Кочани, а наместо вистинска правда и одговорност сведоци сме на селективна истрага и молк за одговорноста на актуелните функционери од ДПМНЕ и началниците кои ги има поставено Тошковски, истакнуваат од СДСМ.
Како е можно истрагата целосно да ги игнорира службениците, началниците, раководителите на различни позиции во СВР Штип и ОВР Кочани кои на 16 март 2025 година – на денот на пожарот – имале директна одговорност да спречат трагедија, но тоа не го направиле, прашуваат од опозициската партија.
„Седум командири, началници и заменик-командири на полицијата имале јасни законски надлежности, за безбедноста на просторот, за присуството на малолетници, за употреба на пиротехничките средства.
Полицијата присуствувала во објектот, видела малолетници, видела пиротехника, видела поголем број присутни а не презела ништо.
Ако тие постапеле, трагедијата ќе можела да биде спречена. Животи ќе беа спасени.
Се поставуваат прашањата:
-Зошто началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска, не е дел од истрагата, иако лично била надлежна за безбедноста во Кочани?
-Зошто не е опфатен началникот на крим-полицијата во Кочани, Томо Донев?
-Зошто Сашо Тасев, началникот на СВР Штип, како и раководителите на крим полицијата во Штип не се опфатени со истргата?
Дали ова не е намерна заштита на кадрите што ги именувал Тошковски“.
Истрагата, како што напоменуваат, не смее да биде политичка операција на прикривање и спасување кадри на ДПМНЕ и затоа Тошковски треба да поднесе оставка а истрагата да се прошири со актуелни функционери кои на денот на трагедијата биле на позиции.
Според СДСМ, болката на семејствата не смее да се дозволи да биде поголема со селективна правда, тоа е неправда.
СДСМ, додаваат од таму, ќе продолжи да се бори за целосна и правична истрага – без заштита на актуелни функционери. Мора да им одговорност, мора да има правда за Кочани.
Македонија
Движење што менува – ХалкЕко како двигател на еко-свеста

Денот на планетата Земја, кој секоја година се одбележува на 22 април, е глобален повик за заштита на животната средина и потсетник дека грижата за планетата е заедничка, неотповиклива одговорност. Токму на ова поле, Халкбанк АД Скопје се истакнува како лидер во еколошката трансформација преку својата зелена платформа – ХалкЕко.
ХалкЕко не е само мобилна апликација, туку симбол на одговорно, одржливо живеење. Со едноставна, но моќна порака – повеќе движење, помалку CO₂ – платформата ги мотивира корисниците да пешачат, трчаат или возат велосипед. Секоја помината километража се претвора во конкретна еколошка акција, бидејќи Халкбанк засадува дрвја во име на секој активен корисник, претворајќи ја личната одлука во заедничко добро.
Покрај поттикнување физичка активност, ХалкЕко ги поврзува луѓето со мисија – да го намалат својот еколошки отпечаток и да придонесат кон позелени урбани и рурални средини. Секоја садница претставува симбол на надеж, а секој корисник – амбасадор на промената. Денот на планетата Земја, во оваа визија, не е само симболичен датум, туку секојдневна животна филозофија.
Во изминатите пет години, преку ХалкЕко се засадени над 60.000 дрвја, уредени се јавни простори, обновени мостови и организирани еколошки настани како велосипедската трка Халк Вело Грин. Банката вложува и во едукација преку различни програми и работилници, градејќи свест кај младите и возрасните за важноста на одржливиот развој. Како дел од глобалната иницијатива „Прајслес планет“ на Mastercard, таа дополнително го зајакнува својот придонес во ова поле.
Во 2024 година, Халкбанк ја започна и својата најамбициозна еколошка акција досега – „Еден милион садници за пет години“, проект што го одбележува петгодишниот јубилеј на ХалкЕко и ја засилува борбата против климатските промени, зголемените емисии на CO₂ и заканата по биодиверзитетот.
Оваа акција не е само бројка, туку вистински залог за иднината. Преку платформата ХалкЕко, Халкбанк не само што поставува стандарди за корпоративна еколошка одговорност, туку создава движење што ги обединува луѓето околу една заедничка цел – здрава планета.
Денот на планетата Земја е шанса за акција. А со ХалкЕко, таа акција добива смисла, резултати и долгорочна вредност. Заедно можеме повеќе – да зачуваме, засадиме и да оставиме зелено наследство за генерациите што доаѓаат.
ПР
Македонија
Изградба на нов саемски комплекс во Скопје: се разгледуваат можности, најавија од Владата

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска одржа работна средба со претставници на „Скопски саем“, на која дискутираа за потребата и важноста од изградба на нов саемски комплекс во Скопје. На средбата беа разгледани можностите за локација, инфраструктурни услови и иновации кои би го направиле новиот саемски простор конкурентен на регионалните и меѓународните пазари.
„Враќањето на „Скопски саем“ во сопствен објект не само што ќе ја оживее економската активност, туку и ќе го зајакне регионалниот и меѓународниот профил на Македонија како важен трговски и деловен центар“, изјави директорот Томовски, истакнувајќи го значењето на оваа иницијатива за развојот на економијата.
Даниела Глигоровска, директорка на „Скопски саем“, ги нагласи предностите од обновување на саемската активност, која веќе неколку години не се одржува во свој објект.
„Саемите претставуваат клучни настани за промоција на македонските производи и услуги, како и за создавање на нови можности за странски инвестиции и соработка. Изградбата на современ саемски комплекс ќе ги отвори вратите за нови можности и ќе создаде услови за зајакнување на економијата“, додаде Глигоровска.
На средбата беше договорено меѓуинституционалната соработка и поддршка да продолжи и во периодот што следи подетално да се разгледаат сите аспекти и можности за изградба на нов објект за потребите на саемските манифестации.