Регион
Дачиќ: Европските дипломати говорат филозофски и се однесуваат како да се на Тибет
Србија ќе направи се да ги зачува мирот и стабилноста во регионот, но од ЕУ очекува да реагира и да ги сопре обидите за рехабилитација на фашистичката идеологија, кои се закануваат да ги загрозат европските вредности, порачал во вторникот шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, оценувајќи дека дипломатите од ЕУ за состојбата во регионот „говорат филозофски, како да се наоѓаат на Тибет“.
„Претставниците на ЕУ говорат филозофски, како да се наоѓаат на Тибет. Говорат дека ескалацијата на реториката не е добра во регионот. Во Хрватска и кај бошњачките политичари антисрпската кампања стана нормално нешто“, оценил Дачиќ во интервју за РТС, нагласувајќи дека е „против симетријата на вина која ја наметнуваат претставниците на ЕУ“.
На повиците на српскиот премиер Александар Вучиќ до членовите на неговата влада да се воздржат од реакција, Дачиќ истакнал дека „ретко која земја може да го премолчи тоа што се случувало во изминатите месеци“.
„Навистина би сакал да ги предупредам оние кои говорат дека сите во регионот треба да се воздржат. Јас реагирав на постапките на државните органи во БиХ и Хрватска. Не постои ниедна земја која не би реагирала на нападите над својот премиер или претставниците во другите земји. Ние реагиравме на повиците „за дом спремни“ и на обидите за рехабилитација на една идеологија која го убиваше српскиот народ“, потенцирал Дачиќ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нова опасност демне на Санторини откога граѓаните избегаа, полицијата постави блокади: островот продолжува да се тресе
Сеизмичката бура, која го тресе Санторини во изминатите денови, продолжи и во текот на ноќта.
Два земјотреса со јачина од 4 и 4,3 степени според Рихтеровата скала во рок од пет минути ги погодија Санторини и Аморгос во раните утрински часови денес, среда.
Првиот земјотрес со јачина од 4 степени е регистриран во 4.16 часот по локално време со епицентар на 18 километри од Аркесинина на Аморгос, а вториот е регистриран во 4.21 часот во областа Санторини.
Според грчките медиуми, од шест часот утринава оваа област ја погодиле шест земјотреси над 3 степени според Рихтеровата скала.
Во исто време продолжува егзодусот на локалното население и на туристите од Санторини, а експертите предупредуваат на нова опасност.
Речиси 11.000 луѓе ги заклучија своите домови и го напуштија островот, што ги зголеми стравувањата од грабежи.
Полицијата е во состојба на готовност со интензивни патроли и блокади на патиштата во обид да спречи евентуални упади. Загриженоста на властите беше зголемена поради општата ситуација, а нивната објава на социјалните мрежи, на која се сугерираат можни кражби, привлече внимание.
Според извештаите, властите ги зголемиле полициските патроли во главниот град Фира, како и во најпознатите места на островот. Во исто време поставени се блокади на главните сообраќајници, а се проверуваат сомнителни возила и движења, особено во областите во кои куќите останаа затворени поради интензивна сеизмичка активност.
Постојаните жители, кои остануваат на островот, изразуваат загриженост повикувајќи ги властите да преземат уште построги мерки.
„Се плашиме дека некои ќе ја искористат ситуацијата и ќе почнат да упаѓаат во куќите. Веќе слушнавме за инциденти“, изјави бизнисмен од областа Акротири за „Прототема“.
Регион
Над 750 земјотреси во Егејското Море во последните 10 дена, 7.000 луѓе го напуштија Санторини
Од 26-ти јануари, во Егејското Море се регистрирани 754 земјотреси, а интензивната сеизмичка активност продолжува на и околу грчките острови Санторини, Аморгос, Анафи и Иос, јавува „Анадолија“.
Илјадници луѓе бегаат од грчкиот остров Санторини во јужниот дел на Егејското Море, вознемирени од континуираната интензивна сеизмичка активност, јавуваат локалните медиуми.
Додека многу луѓе загрижени за земјотресот го напуштија островот со траект или авион, оние што останаа се на готовност.
Околу седум илјади луѓе заминаа овие денови, соопштија властите.
Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди островот рано утринава, а неколку часа подоцна следеше уште еден со јачина од пет степени.
Експертите тврдат дека земјотресите не се поврзани со вулканска активност на островот и додаваат дека потресите ќе траат најмалку седум дена.
Геолозите сметаат дека со помали земјотреси се намалува можноста за посилен.
„Тоа значи дека нема да имаме голем земјотрес“, вели Атанасиос Ганас, директор за истражување на Геодинамичкиот институт.
Регион
Владата на БиХ ги замрзна цените на 50 прехранбени производи: Добивме сигнал од народот и ќе одговориме
Владата на Босна и Херцеговина планира до крајот на неделата да донесе одлука да ги намали цените и да ги задржи на тоа ниво за најмалку 50 прехранбени производи и на тој начин да се обиде да влијае на намалување на вкупните трошоци за живот, соопшти денеска министерот за трговиј,а Амир Хасичевиќ.
Претставниците на владата и трговските синџири и здруженијата на потрошувачите вчера зад затворени врати разговараа за мерките што властите може да ги преземат за да се спречи зголемувањето на цените, па Хасичевиќ на новинарите во Сараево им потврди дека е постигнат начелен договор за ова прашање, така што останува да се дефинира каталогот на производи чии цени ќе бидат ставени под посебен режим.
Преговорите се одржаа откога неформална група граѓани повикаа на бојкот на продавниците по примерот на акцијата спроведена во Хрватска.
Податоците од даночните администрации на субјектите покажаа дека бојкотот што требаше да се биде минатиот петок го немаше очекуваниот ефект бидејќи трговскиот промет на 31 јануари беше дури малку поголем од истиот ден од претходната недела, но владата сепак заклучи дека треба да реагираат на незадоволството на потрошувачите со постојан раст на цената.
„Ние како влада го добивме тој сигнал и се обидуваме да одговориме. До петок нема да замрзнеме 50 основни артикли – како што велат некои сега кога цените поскапеа – туку ќе ги вратиме, па правиме намалувања и ќе ги контролираме“, рече Хасичевиќ.
„Долгорочното решение е зголемување на бројот на вработени и зголемување на платите. Имаме слаба куповна моќ, така што целата потрошувачка ја насочивме кон неколку артикли бидејќи најголемиот дел од нашите плати се троши на храна“, рече тој.