Свет
Путин најави мерки за зголемување на наталитетот во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин најави серија мерки за зголемување на наталитетот во земјата. Тој изрази незадоволство и разочарување од сегашниот наталитет во Русија.
„Во Русија денеска живеат речиси 147 милиони луѓе, но земјата влезе во многу тежок демографски период, бидејќи нивото на наталитетот повоторно опаѓа“, предупреди рускиот претседател.
Тој оцени дека во Русија, благодарение на мерките кои се презеле од 2000 година, се постигнати позитивни резултати во демографијата и до некои мерки, дури и раст на популацијата.
Затоа, според него, расте бројот на училишните деца, но со оглед на тоа дека семејствата засноваат малобројни генерации од 1990 година, бројот на раѓања повторно опаѓа.
Путин нагласи дека според прелиминарните проценки, вкупната стапка на наталитет во 2019 година била 1,5 и порача дека тоа не е доволно за Русија. Оцени дека ниските примања на повеќето домаќинства со деца директно се закануваат на демографската иднина на Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Вучиќ објави снимка, им даде понуда на студентите, доби веднаш одговор

Српскиот претседател Александар Вучиќ им се обрати на студентите кои речиси осум месеци протестираат против неговиот режим и ги покани нивните претставници на јавна ТВ дебата.
„Предлагам разговор и дебата на сите наши телевизии и портали, со легитимни претставници што тие ќе ги изберат. Подготвен сум да влезам во дијалог, дебата јавно, со тројца или четворица кои размислуваат поинаку. Тие имаат право да го бараат ова од својот претседател, вклучувајќи избори и сè друго“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека целта не е да се победи во дебатата, туку да се најде решение заедно: „Време е секој од нас да си ги покаже своите лица, да се покажат нашите лица и програми. Сакам борба за визии, борба за иднината, да го решиме ова преку дијалог и разговор, без конфликти и насилство. Да ја обновиме земјата и да ја вратиме на вистинскиот пат. Ќе се потрудам да покажам тоа почитување“, напиша тој на Инстаграм.
Можда кад распишеш изборе!@avucic pic.twitter.com/cNZE2Ko6LR
— Poljoprivredni blokada (@agrifblokira) August 22, 2025
Реакцијата на студентите дојде брзо. Студентите на Земјоделскиот факултет во Белград накратко твитнаа: „Можеби кога ќе распишете избори!“
Predsednik nas je pozvao na javnu debatu. Očigledno da nema odgovor na narodni bunt, pa bi sad i da razgovara sa nama koje mesecima naziva teroristima. O vizijama i programima za budućnost ćemo debatovati, u predizbornoj kampanji, kad raspiše izbore.
— Filozofi u Blokadi (@FFUBublokadi) August 22, 2025
Студентите од Филозофскиот факултет, исто така, се изјаснија: „Претседателот нè покани на јавна дебата. Очигледно, тој нема одговор на народното востание, па сега би разговарал со нас, кои со месеци ги нарекува терористи. Ќе дебатираме за визиите и програмите за иднината во изборната кампања, кога ќе распише избори.“
Свет
Генералниот секретар на ОН: Во Газа е жив пекол

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денес ја опиша ситуацијата во Појасот Газа како катастрофа предизвикана од човекот, откако Глобалната иницијатива за безбедност на храната официјално прогласи глад во дел од крајбрежната енклава.
Во извештај објавен денес, Интегрираната класификација за безбедност на снабдување со храната (IPC) соопшти дека има „убедливи докази“ дека гладот е распространет во административниот регион што го вклучува градот Газа од 15 август. Реагирајќи на соопштението на IPC, Гутереш ги опиша условите во Газа како „жив пекол“.
Just when it seems there are no words left to describe the living hell in Gaza, a new one has been added: “famine”.
This is not a mystery — it is a man-made disaster, a moral indictment and a failure of humanity itself. Famine is not only about food; it is the deliberate… pic.twitter.com/1MYaxhJl4Z
— António Guterres (@antonioguterres) August 22, 2025
Во објава на Икс, тој нагласи дека ситуацијата не е мистерија, туку „катастрофа предизвикана од човекот, морално обвинение и неуспех на самото човештво“: „Луѓето гладуваат. Деца умираат. А оние чија должност е да дејствуваат не го прават тоа“.
Генералниот секретар на ОН рече дека Израел, како окупаторска сила, е должен според меѓународното право да обезбеди храна и медицински материјали. „Не смееме да дозволиме оваа ситуација да продолжи неказнето“, додаде тој.
фото: принтскрин
Свет
ФБИ изврши претрес во домот на поранешен советник на Трамп, кој долго време е негов жесток критичар

ФБИ денеска упадна во домот на Џон Болтон во Мериленд и изврши претрес. Болтон беше советник за национална безбедност за време на првата администрација на Трамп.
Според Асошиејтед Прес, рацијата е дел од истрагата за ракување со класифицирани документи. Иако претресот беше потврден од анонимни извори, Болтон не беше уапсен, а извршната канцеларија на ФБИ и Белата куќа не издадоа никакви соопштенија.
По напуштањето на администрацијата на Трамп, Болтон се профилираше како жесток критичар на сегашниот претседател. Според Ројтерс, Трамп претходно му ја укинал заштитата од Тајната служба, а Болтон изразил „разочарување, но не и изненадување“ од потегот.
фото: принтскрин