Спорт
Патиките со кои Кипчоге постави светски рекорд ќе бидат забранети
Контроверзните „најк вејпорфлај“ патики со кои Елиуд Кипчоге првпат во историјата истрча маратон под 2 часа ќе бидат забранети од Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ), поради тоа што „пружините“ во нив даваат „нелегална“ предност.
Кипчоге во октомври во Виена во посебно контролирана трка (со „пејсмејкери“, автомобили и други помагала) истрча маратон под два часа, кој нема да биде сметан за светски рекорд, меѓутоа со истите патики, кениската сонародничка на Кипчоге, Бригид Косгеи, во октомври го сруши светскиот рекорд во Чикаго со 2:14:04, за 81 секунди подобро од рекордот на Пола Редклиф од 2003 година, и овој рекорд најверојатно ќе биде поништен.
Проблемот на ИААФ со патиките е во петиците, во кои има сунѓер и јаглени влакна за да се зголеми „отскокот“ со што им се помага на тркачите со секој нареден чекор. Според правилата на ИААФ, патиките кои се користат на натпреварувањата треба да бидат „разумно достапни“ на сите за да не се добие нефер предност, а „најк вејпорфлај“ чинат околу 250 евра.
Покрај ова ИААФ планира да ги забрани и тркачките патики за спринтерите, откако и таму има „револуционерни“ дизајни со кои светскиот рекорд на Јусеин Болт од 9.58 секунди на 100 метри може да биде под закана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гвардиола: Се мачиме, немаме баланс во играта
Тотенхем во Манчестер го декласира Сити со 4:0 и ја продолжи агонијата во која се наоѓа тимот на пеп Гвардиола. Ова е најдолга низа на порази на актуелен шампион во Англија уште од 1956 година, ког Челси исто така имаше пет порази по ред. Оваа серија порази е најдолга во кариерата на за многумина најдобриот тренер во моментов, Гвардиола.
„Ние сме во таков момент, немаме баланс. Има неколку причини зошто не сме во состојба да бидеме константни во нашата игра. Имаше и играчи кои доцна се вратија, некои не се доволно закрепнати од повредите, имаше многу пропусти. И, не можам, а да не очекувам нашите ривали да не создаваат шанси. Почнавме многу добро, имавме шанси, а потоа тие поведоа од првата шанса…“ – изјави Гвардиола.
Фудбалерите на Сити не можеа ниту физички да се носат со ривалот.
„Не успеавме да ги издржиме дуелите како обично, се мачиме но сезоната е долга. Се може да се случи. Гостување во Ливерпул? Прво ја имаме Лигата на шампионите против Феенорд, не знам што ќе се случи на „Енфилд“ Ситуацијата е нова за нас, нашата игра постои, но се мачиме да постигнеме гол“, рече Шпанецот.
Спорт
Судот за спортска арбитража му ги врати титулите на Тимошчук
Поранешниот украински фудбалер, а сега тренер Анатолиј Тимошчук е еден од најнепопуларните ликови во својата татковина од почетокот на воениот конфликт меѓу Украина и Русија. Од една едноставна причина, тој остана во Зенит од Санкт Петербург, каде работи како помошник тренер.
Критиките против него се практично секојдневни, а можеби најдалеку отиде поранешниот фудбалер Олександар Алиев.
„Ти си руско куче. Се продаде за пари. Запомни дека твоите родители живеат овде. Ти си идиот и си мртов за нас. Запомни го тоа засекогаш“, му порача Алиев во една прилика на Тимошчук.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски го стави Тимошчук на „списокот на предавници“. Тој стана еден од 34-те украински спортисти на кои им беа одземени сите државни награди и титули.
Но, за разлика од повеќето кои не реагираа на овој потег на државниот врв, Тимошчук поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана. И го доби спорот.
Судот за спортска арбитража ја прифати жалбата на Тимошчук и со тоа ги поништи одлуките на Фудбалската федерација на Украина и претседателот на Украина, со кои на Тимошчук му беа одземени титулите.
Тимошчук во својата кариера настапуваше за Волин Луцк, Шахтјор Доњецк, Зенит, Баерн, потоа повторно Зенит и на крајот за Каират. За репрезентацијата на Украина одигра 144 натпревари. Во Зенит како помошен тренер работи од 2017 година.
Спорт
(Видео) Два гола и асистенција за Миовски – Убедлив триумф на Џирона против Еспањол
Џирона во малото каталонско дерби го совлада Еспањол со 4:1 и се искачи на петтото место на табелата. Натпреварот со два гола и асистенција го обележа Бојан Миовски. Македонскиот репрезентативец ги постигна првите гоови за Џирона во Примера, претходно постигна два и во Купот на Кралот против Екстрамадура.
Тандемот Брајан Хил-Бојан Миовски го уништи Еспањол за само 22 минути. Македонскиот репрезентативец му асиситраше на Хил во четвртата минута за првиот гол. Потоа Хил му се реваншира со две асистенции во 16. и 22.минута.
Импресивната партија на Џирона ја заокружи чепкиот репрезентативец Крејчи во 27.минута. За Крејчи ова е првиот гол во дресот на Џирона и тој како и Миовски во летниот преоден рок пристигна на „Монтоливи“.
Честа на Еспањол ја спаси најдобриот играч, капитенот Хави Пуадо во 55.минута.