Црна хроника
Едно лице затруено со чад во пожар во Струга
Едно лице затруено во пожар којшто избувнал утрово околу 9 часот во работилница за изработка на пластични ролетни.
Кратко време по пријавата, на лице место пристигнале две екипи со седум пожарникари кои веднаш почнале да го гасат пожарот кој зафатил дел од пластичниот материјал во работилницата, поради што настанал густ чад.
Како што информира командирот на Противпожарната служба, Урим Каба, пожарникарите во работилницата пронашле едно лице, во бесвесна состојба, на кое му било пружена прва помош, а набргу пристигнала и екипа од Одделението за итна медицинска помош во Струга и лицето било одведено во струшката болница.
Според најновите информации лицето се наоѓа вон животна опасност.
Каба потенцира дека пожарот за кратко време бил изгаснат, па така не дошло до негово проширување и на останатите куќи меѓу кои се наоѓа работилницата./крај/охридњус
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инспектор од Македонска Каменица запалил службени документи и предизвикал пожар во полициска станица
Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на отпад, фрлил хартија од службени материјали, ги запалил и ги оставил да горат, по што огнот се проширил околу бурето, ја зафатил сувата трева и се приближил до објектот на Полициското одделение Македонска Каменица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак
Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбен скопјанец во автобус на ЈСП
Скопјанец е ограбен во автобус на ЈСП.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

