Спорт
„Малиот“ Леклер и Бегановиќ се нови членови на академијата на Ферари

Артур Леклер, помладиот брат на Шарл Леклер и Швеѓанецот со бошњачко потекло Дино Бегановиќ се новите членови на славната Возачка академија на Ферари (ФДА).
22-годишниот Шарл Леклер исто така помина низ оваа академија, а сега неговиот помлад брат ќе ја има поддршката на Скудерија во регионалните Формула серии, откако во 2018 возеше во францускуот Формула 4.
16-годишниот Бегановиќ пак, од картинг сериите, ќе дебитира во Формула 4, откако беше „откриен“ преку „Тони Карт“, кои се налик на фудбалските скаути за италијанскиот тим.
„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека Артур и Дино ќе ни се приклучат во следната возбудлива сезона. Имаме возачи од ФДА во сите категории на ФИА и фокусот ќе биде да го поддржуваме нивниот развој“, вели спортскиот директор на Ферари, Лорен Мекис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Шеј ја доби наградата и се расплака на церемонијата

Кошаркарот на Оклахома, Шеј Гилџис-Александер, емотивно го доживеа прогласувањето за МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата.
Бекот на Оклахома прв пат во кариерата ја освои престижната награда, откако го победи Никола Јокиќ во финалето, а по доделувањето на наградата, одржа емотивен говор кој ѝ го посвети на својата сопруга.
„Ти благодарам за сè што си, за мене, за нашиот син, Арес. Ти беше првата личност што ми покажа што значи љубовта, што навистина значи жртва и едвај чекам да го поминам остатокот од патувањето наречено живот со тебе, ти благодарам за сè“, рече Шеј.
Shai Gilgeous-Alexander got emotional when talking about his wife Hailey Summers 🥺
“Sorry I’m so dramatic” pic.twitter.com/JsVCEzPAr5
— Fullcourtpass (@Fullcourtpass) May 22, 2025
Шеј потоа им се заблагодари на соиграчите.
„Не можам доволно да опишам колку многу ми значите, не само како кошаркари, туку и како семејство. Знам дека знаете, сè правиме заедно, на и надвор од теренот. Одиме на шопинг, јадеме. Вие сте ми како браќа и навистина го мислам тоа, и без вас ништо од ова не би било можно и сакам да знаете дека оваа награда е и ваша награда, затоа ви благодарам многу“, рече новиот MВП.
Секој соиграч на Шеј доби часовник „Ролекс“ како подарок.
Shai surprised the guys with some gifts on this special night 🥹🫶 pic.twitter.com/MrIsxjMwxy
— OKC THUNDER (@okcthunder) May 22, 2025
Спорт
(Видео) Срам за УЕФА, клучните играчи на Тотенхем не добија медали

Гаф каков што ретко се случува го обележа крајот на финалениот натпревар во Лига Европа. Во Билбао, Тотенхем го победи Манчестер јунајтед со 1:0.
Тотенхем го освои првиот трофеј по 18 години, играчите и навивачите бурно го прославија историскиот триумф, но тој беше расипан од организаторот на натпреварувањето во кое победија.
Играчите и членовите на тренерскиот штаб на Тотенхем стоеја во ред за да ги добијат медалите наменети за победниците од Александар Чеферин, претседателот на УЕФА.
Словенецот ги подели, но кога дојде редот на Сон Хеунг Мин, Кристијан Ромеро и Родриго Бентанкур, тој остана без медали.
На тој начин, тројца клучни играчи на Спарс не ги добиа своите признанија. Чеферин, гледајќи дека нема медали за триото на Спарс, разговараше со луѓето од протоколот, но УЕФА очигледно немаше доволно медали за победниците, па капитените Сон и Ромеро, односно Бентанкур мораа да се задоволат со ракување со Чеферин.
Англиските медиуми пишуваа за ова како за голем срам за УЕФА. Тие истакнуваат колку е неверојатно што дури осум судии и Џејмс Медисон, кој не играше ниту една минута, добија медали за својот настап во финалето, но капитените на Тотенхем, Сон и, Ромеро ( официјално најдобриот играч на финалето) и Бентанкур, уште еден играч кој одигра одличен натпревар, останаа без нив.
Сон подоцна го крена трофејот во одлично расположение, но без медал околу вратот. Се очекува УЕФА да се поправи за оваа грешка и да му испрати медали на Тотенхем за играчите што не ги добија синоќа во Билбао.
UEFA ran out of medals for Son, Romero and Bentacur
byu/justwannabeehappy insoccer
Спорт
Аморим: Ако раководството и навивачите го сакаат тоа, ќе си заминам

Тотенхем ја освои титулата во Лига Европа. Во финалето во Билбао, екипата на Ангелос Постекоглу го победи Манчестер јунајтед со 1:0 и со тоа обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона.
Единствениот гол го постигна Бренан Џонсон во 42-та минута од натпреварот. Тотенхем ја реализираше својата единствена сериозна можност и на крајот заслужено ја освои Лига Европа, откако играчите на Јунајтед во втората половина од второто полувреме пропуштија три добри шанси за израмнување.
Тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, го коментираше натпреварот.
„Во овој момент не сум тука да се бранам. Тоа не е мој стил. Немам што да им покажам на навивачите. Во овој момент ми треба малку верба. Секогаш сум отворен. Ако раководството и навивачите сметаат дека не сум вистинската личност, веднаш ќе заминам. Но, нема да се откажам. Верувам во мојата работа. Како што можете да видите, нема да сменам ништо во начинот на кој ги правам работите.
Имаше денови кога велев дека сме навистина лоши. Денес не беше така. Не бевме совршени, мора да се подобриме, но секогаш сум искрен“, заклучи тој.