Спорт
„Чудото од дете“ гази и во Германија, направи пресврт со 3 гола за 20 минути

Голеадата на теренот на Аугсбург беше среќна за гостите од Дортмунд, ѕвезда на денот во Германија е „чудото од дете“ од Норвешка, Ерлинг Халанд. Аугсбург загуби од Борусија (Д) со 3-5 иако до 59 минута од мечот имаше позитива од 3-1 против „милионерите“.
Сепак, во 56 минута во игра влезе новото засилување за Борусија од Салцбург, Халан кој првиот гол го постигна во 59 минуат и намали на 3-2.
По само 2 минути Санчо погоди за 3-3, а вториот гол на Халанд во 70 минута донесе предност од 3-4. Точка на мечот со хет-трикот стави во 79 минута.
Во останатите натпревари од 18-тото коло или прво по зимската пауза, Вердер како гостин во Диселдорф славеше минимално со 1-0 против Фортуна.
Келн на домашен терен беше убедлив против Волфсбург, Ајнтрахт (Ф) како гостин славеше кај Хофенхајм со 2-1, а со истиот резултат заврши и мелот на кој Мајнц дома беше поразен од Фрајбург.
Подоцна започнува мечот меѓу Лајпциг и Унион Берлин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ не се откажува од Јамал, во игра се 250 милиони евра

Пари Сен Жермен наводно не се откажува од надежта дека еден ден би можел да го донесе Ламин Јамал од Барселона во своите редови. Иако тинејџерското чудо од дете потпиша договорот откако наполни 18 години, остануваат прашањата за неговата иднина и тој би можел да се најде на истиот пат како Лионел Меси, пишува специјализираниот фудбалски портал „Гол“.
Јамал веќе го освои Европското првенство и Ла Лига, а во својата колекција ги има и наградите Копа Трофеј и Златно момче.
Во гласањето за Златната топка во 2025 година, тој заврши втор, веднаш зад ѕвездата на ПСЖ, Усман Дембеле, но многумина очекуваат да освои неколку од овие престижни награди во текот на својата кариера. Останува да се види во чиј дрес ќе игра кога ќе ги добие најголемите индивидуални признанија.
Барселона нема намера лесно да се раздели со уште еден од своите бисери, особено откако беа принудени да го пуштат Лионел Меси во Париз во 2021 година бидејќи не можеа финансиски да го поддржат продолжувањето на неговиот договор.
Иако Јамал сега е соодветно платен, се шпекулира дека во одреден момент би можел да биде убеден да прифати нов предизвик, а ПСЖ се надева дека оваа ситуација ќе им оди во прилог. Францускиот гигант е еден од ретките клубови што можат да си дозволат да состават примамлив пакет за трансфери.
Јамал сега е под договор со Барса до 2031 година, што го прави навидум недостижен. ПСЖ наводно го истражувал теренот и претходно, иако тврдењата од Барселона за официјална понуда „која дошла од Франција“ биле отфрлени во Париз. Таа понуда наводно изнесувала неверојатни 250 милиони евра.
Претседателот на Блауграна, Џоан Лапорта, за Јамал рече: „Ламин е гениј. Мораме да го поддржиме и да му дадеме најдобар совет, но тој е веќе многу позрел од другите момчиња на негова возраст поради она низ што поминал. Оваа слава може да го преплави, но тој се справува многу добро. Начинот да се однесуваме кон него е да му помогнеме. Ќе прави грешки како и сите други, а можеби и повеќе затоа што е многу млад. Тој е млад човек кој дозволува да биде сакан.“
Спорт
Барса веќе знае на кого ќе потроши 35 милиони евра следното лето

Преодниот рок наредната година ќе биде многу важен за Барселона, која мора да реши голем број клучни проблеми во тимот.
Веќе сега е јасно дека наредното лето, Барселона ќе мора да донесе централен дефанзивец и напаѓач. Исто така клубот треба да донесе донесе и одлука околу статусот на Маркус Рашфорд, кој моментално е на позајмица од Манчестер Јунајтед.
Рашфорд пристигна во Каталонија на едногодишен договор за позајмица со опција за откуп, за кој се верува дека е околу 34,5 милиони евра.
На почетокот на сезоната, во првите два месеци, Рашфорд покаѓа дека би бил добра инвестиција, доколку Барселона реши да го откупи неговиот договор.
Рашфорд одигра 10 натпревари со три гола и пет асистенции. Неговите настапи ги импресионираат челниците на Барселона, кои веќе се подготвени да донесат одлука за негови траен ангажман, пишуваат англиските медиуми.
Спорт
Тајсон Картер страда од белодробна тромбоемболија

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда ги потврди лошите вести поврзани со плејмејкерот Тајсон Картер.
Американецот вчера бил хоспитализиран во Белград, а клубот потврди дека тој страда од белодробна тромбоемболија, што значи дека ќе има подолга пауза и закрепнување надвор од теренот.
Како што објави неговиот тим, по натпреварот со Фенербахче, Картер се пожалил на болки во градите и стомакот, како и на отежнато дишење.
Брзата реакција на медицинскиот персонал и стручниот штаб била клучна, а играчот веднаш беше префрлен во Клиничкиот центар, каде што му била дијагностицирана белодробна тромбоемболија.
Клубот му се заблагодари на Клиничкиот центар за брзата и професионална интервенција. Во моментов нема прецизна прогноза кога Картер би можел да се врати на теренот, бидејќи го очекува период на лекување и целосно закрепнување.
Белодробна емболија се јавува кога згрутчување на крвта (тромб), обично од длабоките вени на нозете (т.н. длабока венска тромбоза), се откинува и стигнува до белите дробови преку крвотокот. Потоа згрутчувањето блокира дел од пулмоналната артерија, така што тој дел од белите дробови повеќе не може да добие доволно крв и кислород.
Булмоналната емболија е сериозна состојба која бара строг одмор и терапија, а здравствената состојба на американскиот плејмејкер редовно ќе се следи.
Црвена зведа, во Евролигата, во вторник е четврток ќе ги пречека Жалгирис и Реал Мадрид.