Спорт
Лече го „сопна“ Интер, Јуве може да избега на +4 (видео)

Новата година 2020 не почнува најдобро за Интер, откако „нераѕурите“ го одиграа второто реми едноподруго во Серија А, овојпат само 1:1 на гостувањето кај новиот прволигаш Лече, дозволувајќи Јувентус со победа над Парма да се одвои на четири поени на врвот на лигата.
Тимот на Антонио Конте имаше потешкотии да го најде патот до голот на Лече, и дури во 72. минута од мечот Алесандро Бастони со својот прв гол во дресот на Интер да донесе предност на гостите. Меѓутоа, само пет минути подоцна, капитенот на Лече, Марко Манкосу израмни на 1:1, резултат кој остана до крајот на мечот.
И во другите два меча од 20-тото коло немаше победник. Бреша и Каљари одиграа 2:2 во интересен меч одбележан со црвениот картон на Марио Балотели, додека Болоња и Верона одиграа 1:1 на „Бентегоди“.
СЕРИЈА А, 20.КОЛО
Лече – Интер 1:1
Бреша – Каљари 2:2
Болоња – Верона 1:1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал мора да плати доколку сака Трент да игра на клупското СП

Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната и официјално ќе стане играч на Реал Мадрид.
Тоа ќе се случи на 1. јули, кога официјално истекува неговиот договор со Ливерпул.
Реал Мадрид сака Арнолд порано да го облече белиот дрес и да игра за нив на Светското клупско првенство, кое започнува на 15. јуни.
Со оглед на околностите, Ливерпул не сака да им излезе во пресрет на, но под услов Реал да плати 1,5 милиони евра, за да го раскине договорот со Трент три недели порано.
Според странските медиуми, Реал е подготвен да ја плати таа сума за англискиот дефанзивец, но велат дека Ливерпул би можел да побара повеќе, со оглед на околностите под кои Трент ги напушта „црвените“.
Англискиот репрезентативец без обесштетување ќе го напушти клубот.
Спорт
Гатузо и Хајдук спогодбено ќе се разделат

Џенаро Гатузо ќе го предводи Хајдук за последен пат на натпреварот во Пољуд во недела. Дербито против Риека ќе биде негово збогување со сплитската публика, а натпреварот од последното коло, кој Хајдук ќе го игра во Шибеник, ќе биде негово збогување со клупата на сплитскиот тим.
Италијанскиот стручњак има договор за уште една година, но нема да го доврши и ќе го напушти клубот без отпремнина, објави „Индекс“ повикувајќи се на свои извори.
Гатузо одамна одлучи да си замине, дури и по победата од 1:0 во Копривница во натпреварот од 28. коло. Тогаш, Хајдук беше во многу подобра ситуација отколку денес, кога од третото место натабелата, може само да се надева на чудо што ќе им ја донесе титулата.
Доколку Динамо не попушти на утрешниот натпревар против Локомотив на „Максимир“, таа шанса повеќе нема да постои. Последната титула Хајдук ја освои во сезоната 2004/05.
Гатузо ќе го напушти Сплит без обештетување со спогодбен раскин на договорот. Во оваа сезона, Хајдук го водеше во 41 натпревар со сооднос од 18 победи, 14 нерешени и девет порази.
Спорт
Митровски во конкуренција за играч на сезоната во Хрватска

Репрезентативецот на Македонија Димитар Митровски (26) е во конкуренција за играч на сезоната во фудбалскиот шампионат на Хрватска.
Митровски сезонава е најдобриот стрелец на Вараждин со седум гола. Покрај Митровски во конкуренција за играч на сезоната се Тони Фрук (Ријека), Ален Гргиќ (Славен Белупо), Роберт Мудражија (Локомотива) и Марко Ливаја (Хајдук).
Ливаја е фаворит во оваа трка, тој е најдобар стрелц во првенството со 18 гола, има и девет асистенции. Напаѓачот на Хајдук четири пат оваа сезона ја доби наградата за играч на месецот.