Спорт
Крај за Шаповалов и Чориќ, Џонсон без шанси против Федерер
Во Мелбурн започна првиот Грен-слем турниро во сезоната, Австрачлија опен. Воведните мечеви донесоа едно големо изненадување и еден мега пресврт.
Турнирот во првото коло го заврши 13 носител Денис Шаповалов. Младиот Канаѓанец во четири сета беше поразен од Унгарецот Мартон Фучович. Мечот траеше три и пол часа, а Фучович победи со 6/3, 6/7, 6/1, 7/6.
Американецот Мекензи Мекдоналд со голем пресврт успеа да го победи Британецот Даниел Еванс. Британецот ги доби првите два сета со 6/3 и 6/4, а пота Мекдоналд возврати со 6/1, 6/2, 6/3.
Лесен пласман во второто коло избори Роџер Федерер. Швајцарецот во три сета го победи Стив Џонсон. Федерер за само 81 минута победи со 6/3, 6/2, 6/2.
Тирнирот заврши за Борна Чориќ. Младиот хрватски тенисер беше елиминиран од ветеранот Сем Квери. Американецот славеше лесно во три сета со 6/3, 6/4, 6/4.
Првото коло уште го минаа и Беретини, Беранкис, Нишиока, Пеља и Берере.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Прво засилување за Чаби Алонсо, Хујсен се договори со Реал

Високиот шпански стопер Дин Хујсен ќе биде првото засилување на новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо.
Според италијанскиот фудбалски „инсајдер“ Фабрицио Романо, неговиот трансфер е договорен со Борнмут, и наскоро зделката ќе биде официјализирана.
Хујсен има само 20 години, висок е 195 сантиметри, по завршувањето на лекарските прегледи, ќе потпише договор со Реал до 2030 година.
Веќе беше познато дека Шпанецот е на прагот на „кралскиот клуб“, Романо веќе објави дека обештетувањето за талентираниот фудбалер ќе биде околу 60 милиони евра.
Хујсен е роден во Амстердам, кога имал само пет години неговото семејство се преселило во Шпанија, а откако играл за помладите селекции на Холандија, решил да ја промени репрезентацијата и оваа година дебитираше за „Црвената фурија“.
Тој зад себе има одлична сезона во Премиер лигата, стана еден од најдобрите играчи на тимот на Борнмут, а постигна и три гола.
На почетокот на својата кариера играше за младиот тим на Јувентус, запиша еден настап за првиот тим на Јуве, а во сезоната 2023/2024 беше на позајмица во Рома.
Спорт
(Видео) Челси и Астон Вила се чекор поблиску до ЛШ

Финалистите во Лига Европа, Тотенхем и Манчестер јунајтед, забележаа порази во претпоследното коло во Премиер лигата. Астон Вила го победи Тотенхем со 2:0, а Челси славеше над Манчестер јунајтед 1:0.
Астон Вила на домашен терен, отпорот на Тотенхем го скрши во последните 30 минути од натпреврот. Стрелци за Астон Вила беа Езри Конса во 59. и Бубакар Камара во 73. минута.
Во последното коло, Астон Вила во како што стојат работите директен дуел за место во Лигата на шампионите ќе му гостува на Манчестер сити.
Челси на „Стенфорд Бриџ“ минимално го победи Манчестер јунајтед со 1:0. Натпреварот го реши голот на Марк Кукуреља во 71.минута.
Челси во последната рунда ќе гостува на „Сити граунд“ кај Нотингем Форест.
Челси и Астон Вила се на четвртата и петтата позиција со по 66 поени, еден повеќе од Манчестер сити. „Граѓаните“ натпреварот од оваа рунда ќе го одиграат на 20.мај, против Бортнмут. Во сабота Сити ќе се бори против Кристал Палас за пехарот во ФА купот.
Спорт
Лос Анџелес и Клуб Америка ќе играат плеј-ин за место на клупскиот Мундијал

Со одлука на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), а потоа и со потврда од Арбитражниот суд за спорт, фудбалскиот клуб Леон беше исклучен од Светското клупско првенство бидејќи има иста сопственичка структура како Пачука.
Откако Арбитражниот суд за спорт ја отфрли жалбата на Леон и ја потврди одлуката на ФИФА, беше одлучено Лос Анџелес и Клуб Америка да се натпреваруваат за испразнетото место на Светското клупско првенство.
Во петокот беше потврдено дека двата тима ќе одиграат само еден натпревар на 31 мај.
Домаќин на овој дуел ќе биде Лос Анџелес.
Победникот ќе се пласира на Светското клупско првенство, кое ќе се игра за прв пат оваа година во нов формат, со 32 тима и тоа во рок од еден месец.
Лос Анџелес или Клуб Америка ќе играат во групата Д со Челзи, Есперанс од Тунис и Фламенго.