Свет
Индија успешно тестира проектил со нуклеарна моќ и досег до 3.500 километри од подводна платформа

Индија ја тестира својата балистичка ракета „К-4“ способна да носи нуклеарна бојна глава лансирајќи ја од подморница од својот југоисточен брег. Лансирањето наводно поминало непречено, пренесува РТ .
Ракетата, со која треба да се опреми првата индиска нуклеарна подморница во Индија, „ИНС Арихант“, наводно прелетала 2.200 километри по лансирањето од подводен понтон во Бенгалскиот Залив, во близина на крајбрежјето на Висакапатнам во неделата попладне. Локалните медиуми, повикувајќи се на неименувани официјални извори, велат дека лансирањето од платформа симулира ситуација на лансирање од подморница.
Софистицираното оружје, кое е наменето да ја засили моќта за нуклеарно одвраќање на Индија, веќе помина неколку тестови, но сега првпат ракетата прелета толку големо растојание, изјави извор за „Тајмс на Индија“.
Иако во моментот Њу Делхи не дава информации за лансирањето, официјални извори изјавиле за „Хинду он сандеј“ дека тестот во неделата очигледно поминал без броблеми и ги исполнил сите посакувани параметри.
Во моментот „ИНС Арихант“ е вооружена со 12 нуклеарни балистички ракети „К-15“, но откако „К-4“ ќе стане оперативна, подморницата ќе може да носи четири од најмоќните домашни балистички ракети.
„’ИНС Арихант’ ѝ обезбедува на Индија загарантирана можност за втор удар во случај на сценарио за нуклеарен напад“, рече д-р Шишир Упадјаја, поранешен офицер на Индиската поморска разузнавачка служба, за РТ во декември.
Постоењето на оваа можност ги зголемува влоговите во потенцијалниот нуклеарен конфликт правејќи го помалку веројатен, а целокупната безбедносна состојба постабилна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“
Европа
Стармер: Русија ја започна војната и Русија стои на патот на мирот

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во Киев дека дојде моментот за мировен договор – но дека единствената пречка за тоа е Кремљ.
„Сите знаеме дека само една земја ја започна оваа војна и само една земја го блокира нејзиното мирно решавање денес – а тоа е Русија“, рече Стармер.
Тој додаде дека предлогот за 30-дневен прекин на огнот сега е официјално на маса. „Володимир го поднесе овој предлог пред два месеци, Емануел и јас интензивно работевме на тоа, а сега се придружија повеќе европски земји и САД. Постои јасно единство“, рече тој.
„Ова е пресвртница. Сите што сакаат мир сега се обединуваат. А оние што го одбиваат – ќе бидат разоткриени.“