Свет
(Видео) Грета во Давос: Ништо не направивме за климатските промени
Младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, одржа говор на годишниот собир на Светскиот економски форум, кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Грета е најмладата учесничка на овој форум во историјата. Темата на состанокот е како деловните иницијативи за заштита на животната средина, доквалификацијата на вработените и вложувањето во обновливите извори на енергија помагаат во постигнување подобри глобални животни услови.
На панелот ќе учествува и американскиот претседател Доналд Трамп, кој утрово пристигна со авион во Швајцарија.
Јавната расправа почна со пуштање краток филм за новиот бран млади активисти во светот. Грета потоа кажала неколку информации за неверојатниот 18-месечен активизам и борбата против климатските промени, пишува „Гардијан“.
„Се случија многу работи за кои никој не можеше да предвиди, што го иницираа ова движење. Во тоа не бев сама, многу млади во светот учествуваа во создавањето на ова движење“, рекла Грета на панелот.
„Но, истовремено не постигнавме многу бидејќи глобалните емисии на гасови сè уште се во пораст. Мораме да почнеме да ја слушаме науката и да го третираме ова како сериозна криза. Ако климатските промени не ги третираме како криза, нема да можеме да го решиме проблемот“, додала таа.
На панелот учествуваа и други млади активисти. Салвадор Гмез-Колон, 18-годишен климатски активист од Порторико, Наташа Ванг Манса, 18-годишна активистка од Замбија, и Отом Пелтер, 16-годишна активистка од Канада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.
Свет
Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина
Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина.
Беспилотни летала биле уништени над северниот, јужниот и источниот дел на земјата. Регистрирани се 20 погодоци на 13 локации, се вели во соопштение објавено на социјалните мрежи.
Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз 33 населени места во југоисточната Запорошка област, ранувајќи три лица, соопшти во меѓувреме денеска раководителот на регионалната воена администрација Иван Федоров.
Министерството за одбрана на Руската Федерација, од своја страна, соопшти за 26 соборени украински дронови од синоќа.
Речиси две третини од овие беспилотни летала, 17 биле уништени над Брјанската област која граничи со Украина. Над западната Смоленска област биле соборени седум дронови, а над Белгородската област, која граничи со Украина, и над окупираниот полуостров Крим по еден.
Во меѓувреме, во западната Орловска област беше прогласена опасност за авијацијата.

