Црна хроника
Кривични против двајца рекетари што влегле во дом на скопјанец и му го зеле автомобилот

Единицата за насилен криминал при скопската полиција поднесе кривична пријава против двајца скопјани на возраст од 29 и 28 години поради сомнение за сторено кривично дело изнуда.
Како што информираат од МВР, рекетарите на 14 јануари физички нападнале 60-годишен скопјанец во неговиот дом и му го одзеле автомобилот „форд ескорт“.
По преземените мерки, лицата биле пронајдени и уапсени, а врз основа на судска наредба бил извршен и претрес во домот на еден од нив.
Возилото било пронајдено, а во присуство на јавен обвинител било извршено и препознавање на пријавените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Битолчанка лажно се претставила дека работи во МВР и понудила вработување за 22.500 евра: поднесена кривична

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против 43-годишната М.Л. од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ.
Имено, пријавената во временскиот период од 15.09.2024 до 15.04.2025, со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда 64-годишно лице од Битола односно лажно му се претставила дека е вработена во МВР и дека ќе му помогне неговиот син да се вработи во МВР, како и за други постапки.
Оштетениот во повеќе наврати и исплатил пари во вкупен износ од 22 500 евра, извести МВР.
Црна хроника
Приведен 28-годишник од Крушево: возел пијан

Денеска во 00.45 часот на улицата „Битолска” во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода 28-годишниот Д.Ц. од Крушево.
При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека Д.Ц. управувал патничко моторно возило „мерцедес” со крушевски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,94 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против Д.Ц. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.
Топ
Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“.
Според очевидци, скопјанецот бил прегазен од мотор кој бегал од полицијата, а стравичната несреќа се случила под прозорецот на станот во зградата во која живеел.
Негов познаник објави статус на Фејсбук во која пишува: „ Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември, покрај Паркот на Франкофонијата, каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа сведоци на настанот“.
„’Да умрам недалеку од местото кај што се родив’, најчесто се поистоветува со човековата желба, честопати вкоренета во чувството на поврзаност со сопственото потекло и желбата за враќање кон домот, корените…
Чичко Југо, татко на две прекрасни ќерки кои израснаa во прекрасни мајки и му подарија три внучиња. Чичко Југо на никого ништо не му згришил, да не го знаеш ќе се чудиш од каде толку фин, културен, кога и да те види ќе те поздрави, ќе ти направи секогаш фин муабет. Нема човек кој не го сакаше, не го почитуваше.
Чичко Југо загина под сопствениот прозор, буквално под сопствениот прозор. Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември, покрај Паркот на Франкофонијата, каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа сведоци на настанот.
Секогаш ќе те памтиме само по добро чичко Југо“, пишува во објавата.