Македонија
Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите
Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како што беше посочено, е поради утврдени нерегуларности од страна на надлежните институции во работата на сегашниот концесионер.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска во Охрид изјави дека по низата реакции од медиумите, граѓаните и рибарите, МЗШВ во декември минатата година, веднаш побарала од Државниот инспекторат за земјоделство и од Агенцијата за храна и ветеринарство да направат вонредни инспекциски контроли. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, посочи дека веднаш се постапило и спровеле сите контролите на терен, со цел да се утврди дали концесионерот го почитува Договорот за концесија.
Димковски потенцираше дека во записникот од ДИЗ е констатирано дека Концесионерот не вршел навремена и целосна физичка заштита на рибите од риболовното подрачје Охридско еЕзеро, што е спротивно на Договорот за концесија.
„Во записникот се констатирани нерегуларности и во делот на пријавувањето на вработените и постапките за вработувања, коишто концесионерот ги спроведувал спротивно на Законот за рибарство и аквакултура. Концесионерот не водел точна, навремена и целосна евиденција на уловената риба согласно законските одредби, што исто така е спротивно на Договорот за концесија. Нашите политики и мерки се насочени кон заштита на езерата и рибниот фонд, нема да дозволиме некој да го злоупотребува ова наше природно богатство. Институциите ќе продолжат да работат во интерес на граѓаните, согласно законите“, изјави министерот Димковски.
Откако ќе заврши постапката за раскинување на концесијата, МЗШВ ќе објави нов јавен повик за доделување на концесија за Охридското Езеро.
Притоа министерот Димковски потсети дека во декември минатата година исто така до МЗШВ е стигнат допис и од Министерството за внатрешни работи – Регионален центар за гранични работи „Запад-Охрид“. Во него се посочува дека постои отсуство на преземени активности од страна на концесионерот на Охридското Езеро „Летница-Белвица“, во делот на контролите за откривање и спречување на криминал. И за овој записник согласно надлежностите, МЗШВ веднаш ги извести Државниот инспекторат за земјоделство, Пазарниот и Трудовиот инспекторат, како и Агенцијата за храна и ветеринарство, за да се извршат вонредни инспекциски контроли на терен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

