Регион
Ништо не е ни готово ни исклучено кога е во прашање Косово, е пораката од САД

Ништо не е ни готово ни исклучено, па дури ни промена на границите кога е во прашање Косово, вели Мајкл Карпентер, поранешен претставник на Пентагон.
Карпентер, поранешен советник и поддржувач на Џозеф Бајден и експерт за Балканот, рече дека Вашингтон ќе го аминува секое решение за кое се договориле Србите и Албанците истакнувајќи дека во тоа нема црвени линии и дека сè зависи од Белград и Приштина, пренесува „Танјуг“.
Според Карпентер, ЕУ, Америка и ОН ќе поддржат одржлив договор. Тој го пренесе личниот став дека и демократите и републиканците во Конгресот се цврсто обединети во поддршката за независно Косово.
„Значи, тоа нема да се промени. Мора креативно да размислуваме како да се постигне тоа. Мислам дека статус кво е одржлив“, рече тој додавајќи дека двете страни сакаат резолуција која ќе им овозможи на Србија и Косово да живеат во мир и просперитет.
Карпентер оцени дека што и да успеала демократската администрација, сегашната ќе мора да биде покреативна и добро да размисли како да ги поттикне двете страни да постигнат договор кој ќе биде прифатлив за мнозинството Срби и за косовските Албанци.
„Тоа вклучува давање идеи за стабилизациски фонд“, додава тој.
Карпентер не би сакал да исклучи ниедна можност, па ни промена на границите, но напоменува дека клуч е одржливоста на договорот што го поддржуваат мнозинството граѓани како во Србија така и во Косово.
„Ако внатрешните актери не ја поддржуваат резолуцијата во целост, тогаш без оглед на тоа што мислат надворешните актери, тоа нема да функционира. Трајната резолуција бара широка поддршка од двете страни“, посочи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.