Контакт

Свет

Либиската национална армија го затвори аеродромот во Триполи

Објавено пред

Либиската национална армија (ЛНА), предводена од генералот Калифа Хафтар, објави дека меѓународниот аеродром „Митига“ во либиската престолнина Триполи е затворен за воени и цивилни авиони и се закани дека секој авион што ќе се обиде да го искористи ќе биде соборен, пренесува агенцијата „Тасс“.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на ЛНА, генерал Ахмед ал-Мисмари, рече дека армијата го спроведува својот план за воведување зона на забрана за прелети од градот Гаријан во северозападниот дел на земјата до брегот на Триполи вклучувајќи ги и аеродромите и блиската воздушна база.

„Како знак на почитување на напорите на меѓународната заедница, нашите руски пријатели, арапските браќа, кои напорно се обидоа да постигнат прекин на огнот, се согласивме да ги набљудуваме без да поставуваме какви било барања за возврат, освен за зачувување на нашето право да одговориме на секоја закана или повреда на прекинот на огнот од страна на терористичките групи и криминална милиција“, рече тој.

„Сепак, аеродромот ‘Митига’ се претвори во главна точка за испорака на терористи, оружје и опрема, стана база на турските трупи. Во овој поглед најавуваме дека се воведува зона на забрана за прелети. Затоа, аеродромот и воздухопловната база отсега се сметаат за затворена воена зона, а нивната употреба од воената или цивилната авијацијата е строго забранета“, додаде генералот.

„Секој цивилен или воен авион што ќе влезе во неа, без оглед кои се неговите сопственици, ќе се смета за прекршувач на прекинот на огнот и веднаш ќе биде уништен. Ова е наше последно предупредување“.

Во средата медиумите објавија дека аеродромот се нашол под ракетен оган за што Владата на национален договор (ГНА) со седиште во Триполи ги обвини силите на Хафтар. Генералот Ал-Мисмари остро ги отфрли овие обвиненија. Аеродромот на својата страница на „Фејсбук“ соопшти дека ги прекинува сите операции до следното известување.

„Сите летови се пренасочуваат кон аеродромот ‘Мисрата’ (околу 200 км источно од Триполи) почнувајќи од четврток, 23 јануари“, соопшти управата на аеродромот, без да ги објасни причините за овој потег.

Северноафриканската држава е поделена од ривалските администрации, секоја со поддршка од разни држави.

Силите на Хафтар, кои од април се во опсада на Триполи, се поддржани од Египет, Русија и од Обединетите Арапски Емирати, а владата со седиште во главниот град се сврте кон Турција.

 

Свет

Германскиот претседател жестоко го нападна Трамп: „Тој го претвора светот во дувло на разбојници“

Објавено пред

Од

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер остро ја критикуваше надворешната политика на САД под претседателот Доналд Трамп и го повика светот да не дозволи светскиот поредок да се претвори во „дувло на разбојници“ каде што бескрупулозните земаат што сакаат.

dobivaj vesti na viber

Во невообичаено остра изјава, очигледно осврнувајќи се на дејствија како што е соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, германскиот претседател рече дека глобалната демократија никогаш не била позагрозена.

Нарекувајќи ја анексијата на Крим од страна на Русија и инвазијата на Украина пресвртница, Штајнмаер рече дека однесувањето на САД претставува уште еден историски „распад“ во глобалниот поредок.

„Потоа, тука е колапсот на вредностите на нашиот најважен партнер, САД, кои помогнаа во изградбата на овој светски поредок“, рече Штајнмаер во говорот на симпозиум што се одржа синоќа.ж

„Треба да спречиме светот да се претвори во дувло на разбојници, каде што најнескрупулозните земаат што сакаат, каде што регионите или цели земји се третираат како сопственост на неколку големи сили“, рече тој.

 

фото/ЕПА

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Француските земјоделци го блокираат Париз со трактори

Објавено пред

Француските земјоделци блокираа локации во Париз во знак на протест против сеопфатниот трговски договор што Европската Унија треба да го потпише со јужноамериканските земји и поради други локални прашања.

dobivaj vesti na viber

Земјоделците од синдикатот „Coordination Rurale“ ги нарекоа протестите во Париз лути поради договорот за слободна трговија меѓу Европската Унија и јужноамериканскиот блок Меркосур, за кој стравуваат дека би можел да ја преплави земјата со евтин увоз на храна, како и поради начинот на кој владата се справува со болеста на добитокот.

„Се наоѓаме помеѓу негодување и очај. Се чувствуваме напуштени, како и со Меркосур“, изјави за Ројтерс Стефан Пелетие, заменик-претседател на синдикатот во централна Франција.

Протестот доаѓа неколку дена откако Европската комисија предложи да им се стават на располагање на земјоделците 45 милијарди евра од фондовите на ЕУ и се согласи да ги намали увозните давачки за некои ѓубрива во обид да ги придобие земјите кои се двоумат во нивната поддршка за Меркосур.

Договорот е поддржан од земји како Германија и Шпанија, а Комисијата се чини дека ја добила поддршката од Италија, што значи дека ќе ги има потребните гласови за да го одобри трговскиот договор со или без француска поддршка.

Прикажи повеќе...

Свет

(Вознемирувачко видео) Имиграциски полицаец уби 37-годишна жена во Минеаполис, градоначалникот: Губете се од тука

Објавено пред

Американски агент за имиграција застрелал и убил 37-годишна жена во Минеаполис, предизвикувајќи жестока дебата откако локалните власти го отфрлија тврдењето на администрацијата на Трамп дека станува збор за самоодбрана. Додека Министерството за внатрешна безбедност вели дека Рене Никол Гуд била „насилна бунтовничка“ која се обидела да ги прегази агентите, градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, рече дека станува збор за „неодговорна употреба на сила“, објавува Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил околу 10:25 часот по локално време во среда, а снимките објавени од минувачи покажуваат напната ситуација. На нив се гледа темноцрвен теренец како ја блокира улицата, а во близина има демонстранти и возила за спроведување на законот.

Агентите се приближуваат до возилото, а еден од нив се обидува да ја отвори вратата на возачот. Друг агент стои пред возилото, кое се обидува да тргне. Потоа агентот испукува три истрели. Возилото ја губи контролата и се судира со паркиран автомобил. Од достапните снимки не е јасно дали агентот всушност бил удрен од возилото.

Извештаите за тоа што довело до пукањето варираат во голема мера. Министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, изјави дека жената „ги следела и вознемирувала“ полицајците во текот на целиот ден и се обидела да „го претвори своето возило во оружје“ во чин на „домашен тероризам“.

Таа рече дека агентот испукал „одбранбени истрели“ и самиот бил повреден, но бил пуштен од болница по лекувањето. Додаде дека истиот агент претходно бил удрен од автомобил додека бил на должност во јуни.

Од друга страна, градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, остро го осуди дејствието. „Ова беше агент кој небрежно ја искористи својата моќ, што резултираше со смрт на едно лице“, рече тој, проколнувајќи и наредувајќи им на агентите на Службата за имиграција и царина (ICE) да го напуштат градот.

Претседателот Доналд Трамп напиша на својот профил на социјалните мрежи „Вистина“ дека еден имиграциски полицаец бил „брутално“ прегазен. „Тешко е да се поверува дека е жив, но сега се опоравува во болница“, рече тој.

За инцидентот ја обвини „радикалната левица“, која, според него, „секојдневно им се заканува, напаѓа и ги таргетира нашите службеници за спроведување на законот и имиграциските агенти“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...

Македонија58 минути

(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности...

Македонија2 часа

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...

Топ2 часа

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума...

Македонија2 часа

Синдикат на култура: Преседан во културата, министерот Љутков повторно против колективните договори

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните...

Македонија3 часа

Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација...

Свет6 часа

Трамп одобри нова казна за Путин? „Даде зелено светло“

Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи...

Европа6 часа

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров,...

Свет6 часа

(Видео) Топлотен бран ја погоди Австралија, властите предупредуваат на „катастрофален“ ризик од пожари

Делови од Австралија в петок го очекуваат катастрофални услови на избувнување пожари, бидејќи топлотен бран го погоди поголемиот дел од...

Европа8 часа

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски трупи во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во...

Европа8 часа

(Видео) Руски независни медиуми: Путин го прослави Божиќ во тајна воена база

Рускиот претседател Владимир Путин очигледно не го прославил овогодинешниот православен Божиќ во една од познатите московски катедрали, туку во црква...

Македонија8 часа

Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан

Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга...

Свет8 часа

Трамп: Венецуела од профитот од нафтата ќе купува само американски производи

Претседателот на САД, Доналд Трамп извести дека Венецуела ќе ги користи своите приходи од нафта за купување исклучиво американски производи....

Македонија17 часа

Одрони, излевања и поплави на повеќе локации – во Кичево евакуирани 60 луѓе во спортска сала поради поплавени домови

Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и...

Македонија17 часа

Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија

По обилните врнежи од дожд што вечерва предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни...

Македонија19 часа

Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би...

Македонија1 ден

Мицкоски за бугарската формулација „достапен јазик“ наместо македонски: Не е во прашање само Уставот, туку редефинирање на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за...

Македонија1 ден

МВР ќе утврдува зошто новите службени возила биле осветувани со верски обред

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за целосно...

Македонија1 ден

Државниот врв со божиќни честитки: Пораки за мир, семејство и солидарност

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши упатија божиќни честитки до...

Свет1 ден

Трамп: Постигнавме договор за нафтата од Венецуела, ние ќе ги контролираме приходите

Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз на венецуелска сурова нафта во САД во вредност до две милијарди долари, изјави...