Македонија
Пендаровски на Меѓународниот форум „Сеќавање на холокаустот и борба против антисемитизмот“
Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на форумот „Сеќавање на холокаустот и борба против антисемитизмот“, којшто се одржа во Ерусалим, Израел.
На форумот, покрај претседателот и премиерот на Израел, Реувен Ривлин и Бенјамин Нетанјаху, се обратија и претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, потпретседателот на САД Мајк Пенс, претседателите на Франција и на Германија, Емануел Макрон и Франк Валтер Штајнмаер, како и Неговото Височество, принцот Чарлс. На конференцијата во Ерусалим зборуваа и Авнер Шалев, претседател на Јад Вашем, претседателот на советот на Јад Вашем, Рабинот Меир Лау и Моше Кантор, претседател на Фондацијата на Светскиот форум на холокаустот.
Нагласувајќи дека ниту еден политичар или поединец повеќе не смее да дозволи да се случи ист или сличен настан како холокаустот, говорниците и присутните им оддадоа почит на околу 6 милиони Евреи од целиот свет коишто беа убиени во Втората светска војна.
Положувајќи меморијален венец, претседателот Пендаровски им оддаде почит и на илјадниците убиени македонски Евреи кои беа депортирани во логорот на смртта во Треблинка, во Полска. Претседателот Пендаровски им оддаде почит и на сите останати жртви, коишто во периодот од 1941 до 1945 година биле немилосрдно измачувани, а потоа и убиени.
По повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц, во рамки на конференцијата во Ерусалим, двајца преживеани од холокаустот го запалија меморијалниот факел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

