Црна хроника
Кривична против скопјанец поради обид за убиство

СВР Скопје-Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против Е.Ј.(21) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
„На 30 август околу 14.10 часот во близина на влез за селото Арнакија пред кафебар по претходна вербална расправија пријавениот со пиштол испукал неколку куршуми кон Н.З.(36), нанесувајќи му повреди“, информираат од полицијата во дневниот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Дете се отруло од алкохол во Тетово, во неконтактибилна состојба однесено во болница

Малолетник се отрул од алкохол во Тетово и во неконтактибилна состојба е однесено во болница. Поради инцидентот, поднесени се кривични пријави против продавачката и управителот на продавницата од која детето го купило алкохолот.
Според информации на МВР, поднесени се кривични пријави против правно лице, против Т.Б.(44) од Струга, управител на правното лице и против В.Н.(54), вработена во правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“.
Пријавените, без да побараат документи за идентификација, му овозможиле на малолетно лице од Тетово во продажниот објект да купи алкохолни пијалоци, а подоцна, по консумирањето, кај него настанало труење и во неконтактибилна состојба бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга.
Црна хроника
Уапсен крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Вчера во 21 часот на улица „Маршал Тито“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода 48-годишниот Е.М. од Радовиш.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредби од Основен суд Тетово за издржување казна затвор од две години и од Основен суд Радовиш за издржување затворска казна од девет месеци за сторени кривични дела кражби и тешки кражби.
Е.М. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Црна хроника
Пијан удрил во „опел“, во рампа на автобуската станица, па во паркиран авомобил: уапсен велешанец

На 07.05.2025 во 23.45 часот на улица „Прохор Пчински“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 50-годишниот С.Д. од Велес.
Тој, управувајќи патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки без возачка дозвола, на улица „Димитар Влахов“ во Велес удрил во патничко возило „опел“, управувано од Р.И.(44) од Велес, по што продолжил со движење и на улица „Петре Прличко“ удрил во рампа на автобуската станица, но повторно не застанал и на улица „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ удрил во паркирано патничко возило „тико“ со велешки регистарски ознаки.
По преземени мерки, полициски службеници го запреле, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,16 промили алкохол во крвта. С.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ и поднесоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.