Регион
(Видео) Протести поради недостиг на вода во Бугарија

Жителите на бугарскиот град Перник протесираа пред седиштето на владата во Софија, бидејќи се без вода веќе неколку месеци, пренесуваат бугарските медиуми.
Демонстрантите изразија сомневање дека зад недостигот на вода во тој индустриски град стојат подмитување и неспособност и предупредија дека резервоарот на браната Студена, кој е единствен градски извор, ќе биде празен за две недели.
Кризата со водоснабдувањето во Перник, кој е оддалечен 30 километри западно од Софија, почна во ноември кога локалните власти наметнаа рационално користење на водата, поради недостиг на залихи оф блиската брана.
На почетокот на јануари бугарскиот министер за заштита на животната средина поднесе оставка откако беше обвинет за намерно лошо управување со снабдувањето со вода во градот.
Учесниците на протестот носеа жолти елеци, а организаторите најавија протести за понеделник пред регионалното Министерство за развој.
Протестот го поддржаа и жителите на градот Бобов дол, кои пак имаат проблем со згадувањето на воздухот и кои сметаат дека тоа загадување е резултат на палење на отпадот во локалната термоелектрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Владата во Албанија го забрани „Тик-ток“на 12 месеци

Албанската влада денеска донесе одлука да ја забрани апликацијата „Тик-ток“ на 12 месеци поради содржина која наводно поттикнува насилство и малтретирање, особено кај децата.
Албанската министерка за образование Огерта Манастирлиу рече дека владата е во контакт со „Тик-ток“ за инсталирање филтер за родителска контрола, како и вклучување на албанскиот јазик во апликацијата, пренесува АП.
Албанските власти одржаа 1.300 состаноци со околу 65.000 родители кои „препораа и беа за затворање или ограничување на платформата „Тик-ток““, рече министерката.
Владата во Тирана покрена иницијатива за затворање на апликацијата минатата година, откако тинејџер избоде до смрт друг тинејџер во ноември по расправија што започна на „Tик-ток“.
Рама денеска изјави дека владата е во „позитивен дијалог со компанијата“ која наскоро ќе оди во Албанија за да понуди „низа мерки за зголемување на безбедноста на децата“.
Компанијата соопшти дека не нашла докази дека сторителот или жртвата имале профили на „Тик-ток“, а повеќе извештаи всушност потврдиле дека видеата што довеле до овој инцидент биле објавени на платформа различна од „Tик-ток“.
Родителите според написите, изразиле загриженост по извештаите на децата кои се инспирирани од содржината на социјалните мрежи да носат ножеви на училиште, или случаите на малтретирање промовирани со приказни што ги гледаат на „Tик-ток“.
Властите го зголемија полициското присуство во некои училишта и воведоа други мерки, вклучително и програми за обука на наставниците, учениците и нивните родители.
Албанската опозиција не се согласи со затворањето на „Тик-ток“ и го одреди 15 март како ден за протест против тој потег, тврдејќи дека забраната е „чин на нетрпеливост, страв и терор против слободата на мислата и изразувањето“, пренесува Танјуг.
Регион
Вучиќ: Ќе разговарам со Путин утре

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, најави дека утре во 12 часот ќе разговара со рускиот претседател, Владимир Путин.
Како што рече, двајцата ќе зборуваат за билатералните односи меѓу Србија и Русија. Инаку, Путин вчера му испратил честитка на Вучиќ по повод неговиот 55. роденден.
„Почитуван господине претседателе, ве молам примете ги моите срдечни честитки по повод вашиот 55-ти роденден. Искрено Ви посакувам многу здравје, среќа, просперитет и успех во државните должности за добробит на братскиот народ на Србија“, се вели во честитката.
Регион
Пожар во центарот на Белград, евакуирани жители од зграда: пламен предизвикан од канабис

Пожарот утринава избувна во центарот на Белград најверојатно предизвикан од канабис кој се запалил во кафеаната „Социјален канабис клуб“.
Според граѓаните, пожарот најпрвин избувнал во кафеаната, а виделе како горат експонати од канабис. Пожарот потоа се проширил на зградата.
„Видовме како пламенот проголта се, експонатите гореа внатре, не знам дали од таму почна, или нешто друго се запали и тоа само помогна да се прошири побрзо. Се разбира, беше страшно“, сведочи граѓанин, кој сакаше да остане анонимен.
Жителите на зградата веднаш биле евакуирани, а три противпожарни екипи во рекордно време пристигнале на лице место и спречиле пожарот да се прошири на становите. Нема повредени, а противпожарните екипи се уште дежураат на местото на настанот.