Црна хроника
Случај „Шпион“: Првообвинетиот Марјан Ефремовски осуден на 15 години затвор
Првообвинетиот во случајот „Шпион“, поранешниот разузнавач Марјан Ефремовски, е осуден на затворска казна од 15 години.
Во понеделник во Кривичниот суд беше објавена пресудата за обвинетите во случајот „Шпион“ за повеќе кривични дела меѓу кои шпионажа, одавање државни тајни, злосторничко здружување, уцена, изнуда, измама и злоупотреба на службената должност. Највисока казна затвор од 15 години доби Марјан Ефремов, кој што бил организатор на криминалната група.
Поранешниот генерал Горан Стојков е осуден на девет години затворска казна, додека поранешниот директор на Управата за спречување перење пари, Ване Цветанов, е осуден на три години затвор и е ослободен од обвинението за шпионажа.
Поранешниот шеф на кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, Марјан Маџовски е осуден на 1,5 година, додека поранешниот разузнавач Александар Диневски е осуден на 4,5 години затвор.
На Зоран Божиновски ќе му се суди кога ќе биде екстрадиран во земјава од Србија.
Судскиот процеџ против 19-мината осомничени во „Шпион“ траеше една година.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прегазена 56-годишна скопјанка: ја удрило „порше“
Вчера околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ со ул.„Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Измамил граѓанин за над 370. 000 денари: кумановец се претставил како вработен во туристичка агенција
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373. 890 денари.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, уапсено едно лице
Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода У.З.(45) од Кичево.
При претрес во неговиот дом и неговото возило „хјундаи“, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

