Свет
Иранскиот шеф на дипломатија го обвини Трамп за „културен тероризам“

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, изјави дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за напад врз разни цели во Иран, многу од нив на списокот за светското културно наследство на УНЕСКО, претставуваат „културен тероризам“, пренесува руската агенција „Тасс“.
„Заканите на американскиот претседател за уништување на културните објекти во Иран се меѓународен културен тероризам. Ова е продолжение на политиката на Вашингтон насочена кон кршење на меѓународното право, за да се скрши отпорот на иранскиот народ“, изјави Зариф за ИРНА.
Според министерот, САД, од една страна, користат економски тероризам за да го ограничат пристапот на иранскиот народ до храна и до лекови. Од друга страна, користат државен тероризам, убивајќи една од најомилените личности во земјата и во регионот – генералот Касем Сулејмани.
Коментарот на Зариф дојде како одговор на изјавата на Трамп од 4 јануари, во која тој рече дека САД ќе нападнат 52 цели во Иран, од кои многу имаат клучна важност за Иран и за иранската култура, како одговор на каков било потенцијален напад од страна на Иран.
Тензиите на Блискиот Исток ескалираа по американскиот напад со беспилотни летала во близина на аеродромот во Багдад на 3 јануари, во кој загина генералот Касем Сулејмани, шеф на силите „Ал Кудс“ на Иранската револуционерна гарда.
Во раните утрински часови на 8 јануари Иран како одмазда за нападот изврши ракетни напади врз ирачката воздушна база Аин Ал-Асад и објектот во Ербил, во кој се сместени американски трупи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“
Европа
Стармер: Русија ја започна војната и Русија стои на патот на мирот

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во Киев дека дојде моментот за мировен договор – но дека единствената пречка за тоа е Кремљ.
„Сите знаеме дека само една земја ја започна оваа војна и само една земја го блокира нејзиното мирно решавање денес – а тоа е Русија“, рече Стармер.
Тој додаде дека предлогот за 30-дневен прекин на огнот сега е официјално на маса. „Володимир го поднесе овој предлог пред два месеци, Емануел и јас интензивно работевме на тоа, а сега се придружија повеќе европски земји и САД. Постои јасно единство“, рече тој.
„Ова е пресвртница. Сите што сакаат мир сега се обединуваат. А оние што го одбиваат – ќе бидат разоткриени.“