Црна хроника
Жител на Сарај испратен на психијатриско лекување откако го убил својот брат
Скопското основно јавно обвинителсто поднесе предлог за задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа за човек кој со нож го убил својот брат во семејната куќа во селото Чајлане.
Според податоците од Обвинителството, напаѓачот во вечерните часови на 31 декември, во домот во селото Чајлане, Сарај, во состојба на непресметливост поради параноидно растројство, извршил семејно насилство и со умисла го убил сопствениот брат.
Двајцата браќа најпрвин започнале да се расправаат, па во еден момент обвинетиот од џебот извадил нож и му нанел две рани со сечило и три убодни рани во вратот на својот брат.
Како резултат на брзото и обилно крвавење, бил предизвикан недостиг на кислород во мозокот на нападнатиот, па на 5 јануари годинава тој починал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прво ја нападнале жената, па меѓусебно се истепале и кршеле покуќнина – двајца приведени во Штип
Полицијата во Штип вчера ги приведе 35-годишниот В.Д. и 33-годишниот С.Д., обајцата од Штип, по претходна пријава поднесена од 29-годишната Ѓ.М.
Според пријавеното, В.Д. физички ја нападнал Ѓ.М., по што тој и С.Д. меѓусебно се пресметале, при што користеле разни предмети и оштетиле дел од покуќнината во домот.
Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата
Утрото на 21 ноември во скопската полиција било пријавено дека во периодот меѓу 00:30 и 07:15 часот била ограбена сендвичара на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.
Според пријавеното, непознат сторител со употреба на физичка сила и алат успеал да влезе во објектот и да одземе пари од касата.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Mигрант почина во Комплексот клиники, бил хоспитализиран на нефрологија
Клиниката за нефрологија при Клиничкиот комплекс Мајка Тереза вчера пријавила во скопската полиција дека кај нив бил донесен 41-годишниот Л.Ш., мигрант, кој имал потреба од итна лекарска помош.
Мигрантот бил примен на 20 ноември, a починал следното утро, на 21 ноември, во 06:48 часот.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

