Македонија
„Зона мебел”: Јовановски купуваше мебел, но не го плати
„За набавката знаев дека Јовановски одбрал мебел за телевизијата, но дека ќе го компензирал со реклами. Сумата беше голема, не можеше сè со компензација. Потпишавме договор. Тој во февруари подигна гарнитура. Вкупниот долг што требаше да го плати, што не беше компензација, изнесуваше 296.000 денари. Ние не знаевме за каде му е мебелот, тоа го кажав и во Обвинителството. Договорот не е испочитуван. Ни компензација, ни плаќање на ратите за мебелот. Му пративме опомена пред тужба, па девојка дошла и оставила 2.750 евра како гаранција дека долгот за мебелот ќе се плати. Станува збор за долг за кожена аголна гарнитура, две кожени фотелји и масичка од брендот ‘Калигарис'”, сведочеше Лидија Младеновиќ, ќерка на сопственикот на продавницата за луксузен мебел „Зона мебел”, на рочиштето за „Рекет“.
Претходно, продавачката Весна Костовска од салонот „Пјер Карден” за луксузен мебел и теписи, сведочеше дека обвинетиот Бојан Јовановски од таму купил само ТВ-комода.
При претресот кај Јанева пред да биде притворена, беше одземена гарнитура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
100 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас…“, велат од МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
„Доколку ДПМНЕ добие преголема моќ ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство“, вели СДСМ
„Потребен е силен СДСМ во Собранието, да не се дозволи повторно инсталација на режим од страна на ДПМНЕ и играње со иднината, стабилноста и безбедноста на државата“, вели СДСМ.
„Доколку десничарска партија како ДПМНЕ добие преголема моќ, извесно е дека ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство.
Тоа ќе значи враќање назад повеќе од 20 години.
Поддршка за СДСМ и обединување на сите прогресивни сили во земјата е единствениот начин да се спречи повторно режим“, соопшти СДСМ.
Македонија
Пендаровски по повод Светскиот ден на слобода на медиумите: Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето
Претседателот Стево Пендаровски упати порака по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите.
„Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество.
Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста.
Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање. На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите“, порача претседателот Пендаровски.