Црна хроника
Запленет кокаин вреден 60 милиони евра во Италија
Италијанската финансиска полиција соопшти дека во средата запленила 283 килограми чист кокаин кон на црниот пазар би чинел околу 60 милиони евра, а бил сокриен во контејнери со банани.
Дрогата којашто е запленета во пристаништето во Џенова била „наменета за илегалниот пазар во централна Италија и во малопродажбата би чинела 60 милиони евра, соопшти италијанската полиција.
Истражителите се посомневале затоа што извозник бил компанија од Доменканската Република кој никогаш претходно не работел преку пристаништето во Џенова. Благодарејќи на скенерите, полицијата и царинските служби во двојното дно од контејнерот пронашле „241 пакет кокаин со извонреден квалитет и чистота“, со вкупна тежина од 283 килограми“.
Истрагата продолжува за да се разоткријат сите учесници во криумчарска мрежа, соопшти италијанската финансиска полиција./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

