Европа
Две лажни тревоги во Брисел

Две пријавени тревоги ја мобилизираа полицијата во белгиската престолнина Брисел во понеделникот, меѓутоа по проверките пријавите се покажале лажни.
Три крила во зградата на Европскиот парламент во улицата „Монтајер“биле евакуирани откако на улицата бил забележан сомнително паркиран автомобил, јавува дописникот на агенцијата Hina од Брисел. Полицијата ја блокирала целата област и извршила проверка, којашто покажала дека немало причини за тревога, рекле извори од Европскиот парламент.
Неколку стотина метри подалеку, пред американската амбасада едно лице, според искази на очевидци, паркирало автомобил и побегнало. Полицијата од претпазливост гоја блокирала и таа област, а по проверката било утврдено дека, исто така, немало причина за аларм, објавија белгиските медиуми, повикувајќи е на официјални извори.
Кон средината на јануари, неколку дена по терористичките напади на исламисти во француската престолнина Париз во кои беа убиени 17 луѓе и тројцата напаѓачи, полицијата во Белгија спроведе голема антитерористичка акција во којашто разби голема џихадстичка мрежа апсејќи над 15 лица, а при апсењето беа убиени две лица и рането едно. Притоа беа запленети големи количества експлозиви, муниција и автоматски пушки, како и полициски униформи, а белгиското разузнавање објави дека радикалните исламисти планирале големи напади врз полициски станици.
По оваа акција белгиската влада донесе одлука некои од стратешките објекти да ги обезбедуваат специјалните единици на армијата, што предизвика полемики во владејачката коалиција и незадоволство во јавноста. Меѓу другото, на војниците во полна воена опрема и автоматски пушки се распоредени и пред институциите на Европската унија, во кои во последно време се влегува со построги контроли./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин