Црна хроника
Украден накит и друга стока вредни околу 14.000 евра од станови во Скопје

Златен накит и друга стока во вредност од околу 14.000 евра биле украдени од два стана во скопските населби Козле и Маџари, соопшти МВР.
Едната кражба се случила пред два дена на улица Копачка во скопската населба Козле. Разбојникот насилно ја отворил надворешната влезна врата и украл златен накит, преносен компјутер и ЦД-драјв во вкупна вредност од 470.000 денари.
Другата кражба се случила вечерата во саботата спроти неделата на улица „Анри Барбис“ во скопската населба Маџари.
Од таму е украден златен и сребрен накит, 2500 евра, 16000 денари, дигитален апарат и спортска женска јакна, со вкупна вредност од 400.000 денари. Полицијата ги бара сторителите./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода три лица од Тетово и Тетовско: возеле со брзина поголема од максимално дозволената

Вчера во Тетово, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода три лица од Тетово и тетовско затоа што управувале возило со брзина поголема од максимално дозволената.
Во 17.40 часот на патот Тетово-Гостивар, од слобода бил лишен Ш.Ф.(45) од Тетово При сообраќајната контрола и преземените мерки и активности, полициски службеници констатирале дека управувал патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 180 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Во 17.50 часот на патот Тетово-Гостивар, од слобода бил лишен И.С.(36) од с.Порој, тетовско, затоа што сообраќајната контрола и преземените мерки било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 153 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Додека, во 10.19 часот полициски службеници го лишиле од слобода Ф.И.(34) од с.Боговиње, тетовско. При сообраќајна контрола надвор од населено место во Тетово, било констатирано дека управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 153 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“.
Црна хроника
Уапсен скопјанец: возел со 2,57 промила алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Вчера вечер во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 56-годишниот Н.А. од Скопје.
Претходно, на улицата „Владимир Комаров“, тој со патничко возило „субару“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Љ.Р.(47) од Скопје.
При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било констатирано дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.57 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“ и член 288 од Кривичниот законик-„предизвикување општа опасност“.
Црна хроника
Возач и сопатник од Косово се тешко повредени во сообраќајка

Во СВР Велес пријавено е дека околу 2 часот, на делницата од автопатот А1, во правец од Велес кон Скопје, односно пред приклучокот од Велес кон Скопје, патничко возило „Фолксваген тирок“, управувано од Ф.Ф.(32) од Република Косово, излетало надвор од коловоз.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Ф.М.(25) од Република Косово, а констатирани во Општата болница Велес, по што поради сериозноста на повреди биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По насоки на надлежен ЈО извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.