Спорт
Фудбалери вредни над 200 милиони бегаат од Кина поради коронавирус?

Кинескиот фудбал последните години доживува експанзија, но тоа сега не е во прв план во најнаселната земја во светот.
Фудбалската сезона во Кина нема да започне според предвидениот распоред. Причина е смртоносниот коронавирус.
Ова е вториот момент кој може големите фудбалски ѕвезди може да ги врати во Европа, откако претходно драстично беа намалени платите за сите нив.
Моментно во Кина играат 10 фудбалери кои според „Трансфермаркт“ се проценуваат на преку 200 милиони евра.
Првенството во Кина треба да започне на 22 идниот месец, но сигурно ќе биде одложено. Сепак, се ќе зависи од тоа со каков интензитет ќе се шири коронавирусот кој досега зема над 170 жртви.
Нова шанса во европскиот фудбал би можеле да добијат Оскар, Хулк, Паулињо, Арнаутовиќ…
Ова е листата на најскапите фудбалски имиња кои моментно натапуваат за клубови во Кина:
Караско (28 милиони евра), Оскар (24 милиони), Паулињо (23 милиони), Талиска (20 милиони), Марко Арнаутовиќ (20 милиони), Тешеира (17 милиони), Ел Шарави (16 милиони), Бекамбу (15 милиони), Гуедеш (11 милиони), Рондон (10 милиони), Хулк (8.5 милиони), Хамшик (8.5 милиони).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Собослаи ја одложи промоцијата на Португалија во учесник на СП

Фудбалската репрезентација на Унгарија ја одложи промоцијата на Португалија во учесник на Светското првенство. Вечерва на „ Хозе Алваладе“ стадионот во Лисабон, Португалија и Унгарија ремизираа 2:2.
Промоцијата на Португалија ја одложи играчот на Ливерпул, Доминк Собослаи со голот во 91-та минута.
Португалците ја предводат групата со 10 поени, пет повеќе од Унгарија и сигурно е дека во наредната рунда, во ноември ќе го обезбедат пласманот на планетарната смотра.
Дека „скапо ќе ја продадат кожата“ во Лисабон, Унгарците најавија во осмата минута кога Атила Салаи погоди за 0:1.
Во финишот на полувремето на сцената стапи Кристијано Роналдо и со два гола делириум кај воодушевената публика во Лисабон.
Во исто време, славниот Португалец стана нов рекордер по бројот на голови во квалификациите за Светското првенство. Со овие два гола, тој постигна вкупно 41 гол на 50 квалификациски натпревари и со тоа го престигна Карлос Луиз од Гватемала на листата на стрелци на сите времиња. Трет е уште славен фудбалер, Аргентинецот Лео Меси со 36 гола.
Кристијано Роналдо ја напушти играта во 78-та минута, а како натпреварот се приближуваше кон крајот португалските навивачи почнаа да го слават пласманот на Светското првенство.
Сепак, во судиското надополнување, тие беа шокирани од голот на унгарскиот капитен Доминик Собослај.
Foto/ EPA
Спорт
Сенегал и „Слоновите“ се пласираа на Светското првенство

Фудбалските репрезентации на Сенегал и Брегот на Слоновата Коска обезбедија директен пласман на Светското првенство во последното коло од африканските квалификации. Претходно место на СП од Африка обезбедија Алжир, Тунис, Мароко, Гана, Египет и Зеленорските острови.
Сенегалците ја победија Мавританија со 4:0 во натпреварот од Групата Б и го потврдија првото место што води на Светското првенство.
Најзаслужен за триумфот на Сенегал беше поранешниот играч на Ливерпул, Садио Мане, со два гола, а Илиман Ендиаје од Евертон и Хабиб Дијало постигнаа по еден гол.
Во истата група ДР Конго оствари триумф од 1:0 над Судан и го освои второто место, кое, како една од четирите најдобри второпласирани репрезентации во квалификациите, го води во плејофот.
Гол за пласман во баражот го постигна напаѓачот на Спартак Москва, Тео Бонгонда.
Брегот на Слоновата Коска славеше над Кенија со Кенија со 3:0 и го остави зад себе Габон во Групата Ф.
Головите за „слоновите“ ги постигнаа Франк Кеси, Јан Диоманде и Амад Дијало.
Габон ќе оди во плејофот откако вечерва го победи Бурунди со 2:0 благодарение на головите на Брајан Енгу и Марио Лемина на крајот од натпреварот.
Сега во африканските квалификации, нè очекува бараж во кој се пласираа Габон, ДР Конго, Камерун и Нигерија.
Само еден од нив продолжува во интерконтиненталниот бараж каде што ќе бидат и Боливија, Нова Каледонија, две селекции од Северна Америка и една од Азија.
Од тој бараж, само две селекции ќе се пласираат на Светското првенство.
Спорт
(Видео) Англија прва од Европа избори пласман на СП, Србија прими гол од центар па ја победи Андора

Фудбалската репрезентација на Англија прва од Европа избори место на Светското првенство. Англија пукна петарда во Латвија, на две кола до крајот има 18 поени во групата, седум повеќе од Албанија и осум од Србија, која се мачеше во Андора, но победи со 3.1.
Англија ја покажа класата во К групата, шест натпревари исто толку победи и гол разлика 18:0. Вечерва во Рига избраниците на Томас Тухел славеа со 5:0.
Серијата ја отвори Ентони горсон во 26-та минута, а до крајот на полувремето два гола постигна Хари Кејн. Во вториот дел авто-гол си постигна Тонишевс, а точка на мечот стави Езе во 86-та минута.
Во оваа група Србија некако успеа да победи во Андора. Србите се уште се во шок по поразот од Албанија, во саботата и заминувањето на селекторот Стојковиќ.
Дополнителен шок доживеаја во 17-та минута кога Гарсија, со спектакуларен гол, од половина терен и донесе предност на Андора.
Србите веќе во следниот напад изедначија во авто-голот на Гарсија. Во вториот дел погодија Влаховиќ во 54-та и Митровиќ од пенал во 77-та минута.
Foto/ EPA