Црна хроника
Тетовец паднал од вишна и починал
Жител на тетовското село Новаке паднал од дрво со вишни и починал на лице место, соопшти МВР.
Несреќата се случила во средата во 12.45 часот, додека 60-годишниот Ќамил Б. бил качен на дрвото и берел вишни.
Во еден момент се скршила гранка од дрвото кое се наоѓало до оградата на дворот и Ќамил паднал од дрвото од другата страна на оградата, на селскиот пат.
Била констатирана смрт на лице место, а случајот во полиција го пријавиле од Клиничкиот центар во Тетово./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Двајца повредени во сообраќајна незгода во Скопје
Вчера околу 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ленинова“ и ул.„Никола Тримпаре“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(57) од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.С.(47) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Претрес во Ново Село, пронајдена дрога
На 25.11.2024 во 23.20 часот во село Ново Село, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Љ.(26) од село Ново Село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и една дигитална вага.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против А.Љ. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајден хероин
Вчера во 13.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 39-годишниот Н.Г. од Скопје.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.