Спорт
Дончиќ го „изврте“ зглобот, го очекува пауза од најмалку десетина дена
Ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ најверојатно ќе паузира одредено време откако го повреди својот десен скочен зглоб на денешниот тренинг на НБА тимот.
Според изворите на „ЕСПН“, повредата се случила кога Дончиќ згазнал на стапалото на друг кошаркар, односно се работи за слична повреда каква што имаше неодамна, кога на 14 декември го згазна Кендрик Нан од Мајами и пропушти 10-тина дена.
Тренерот Рик Карлајл изјави дека дали Дончиќ ќе биде достапен за петочниот натпревар против Хјустон рокитс уште не е одлучено, бидејќи во петок Словенецот оди на магнетна резонанса.
Luka Doncic in disbelief, Mavs head coach Rick Carlisle said Luka rolled his ankle at the end of practice. “We hope it’s not serious.” @NBCDFW pic.twitter.com/GH7BUB2Bli
— Noah Bullard (@noah_bullard) January 30, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Премиер лигата ќе гласа за укинување на ВАР од следната сезона
Преставници на клубовите од англиската Премиер лига следниот месец ќе гласаат за укинување на ВАР, пишува The Athletic. За да се укине ВАР потребно е најмалку две третини од клубовите да гласаат за таа опција. Во случајот со Премиер лигата, тоа значи 14 од 20 клубови.
ВАР (Видео помошник судија) беше воведен во Премиер лигата во 2019 година, но беше предмет на бројни контроверзии. Во кои случаи може да се вклучи и какви одлуки се носат со негово користење се постојани прашања во англискиот фудбал. Предлогот е направен на иницијатива на Вулверхемптон.
Видео проверките ја успорија играта, па често се трошеше многу време за проверка и цртање линии. Сето тоа предизвикува фрустрации кај навивачите и затоа се предлага да се укине ВАР. Исто така, ВАР не ги елиминираше судиските грешки бидејќи лошите одлуки се носат и по прегледување на видеата.
Спорт
Првиот асистент на Клоп ќе го предводи Салцбург
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп заедно со своите соработници го напушта клубот. В недела последен пат Клоп со својот стручен штаб ќе ги води „црвените“.
Јирген Клоп по девет години на „Енфилд“ реши да паузаира една сезона. За разлика од него, неговиот прв асистент Пеп Лајндерс веќе знае каде ќе биде наредната сезона.
Лајндерс денеска потпиша тригодишен договор со Ред Бул Салцбург.
41-годишниот Холанѓанецот пристигна во Ливерпул во 2018 година и со клубот ги освои сите можни трофеи.
Лајндерс е четврти тренер на Салцбург за само една година. На крајот од претходниот шампионат клубот се раздели со Матијас Џејсли, диригентската палка ја презеде Герхард Штрубер, но по слабите резултати во првенството (три бода помалку од Штурм) си замина, па сезоната ќе ја заврши Онур Цинел.
Спорт
Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен
Шампионот на Германија Баер Леверкузен успеа да го задржи тренерот Чаби Алонсо, вундеркиндот Флоријан Вирц, но по се изгледа ќе остане без еден од клучените играчи.
Десниот бек Џереми Фримпонг има неверојатна сезона. На 44 натпревари постигна 13 гола и забележа 12 асистенции.
Неговата откупна клаузула е 40 милиони евра и тој автоматски ќе биде слободен доколку некој клуб ја активира.
За холандскиот репрезентативец има голем интерес. Прв во редот Манчестер јунајтед, а 40 милиони се подготвени да потрошат и Арсенал, Баерн и ПСЖ.